Добивај вести на Viber
Стоте најбогати луѓе во светот поседуваат супермаркети , луксузни брендови , нафтени рафинерии и цементни фабрики . Тие се на различна возраст, од 29 -годишниот Марк Цукерберг до 93 -годишниот Карл Албрехт . Оваа разновидна група има сепак една заедничка карактеристика - повеќето од нив ја имаат поминато последната година во правење пари .
Општата состојба е зголемена за 200 милијарди до 2,1 трилиони долари, откако Bloomberg го објави првиот индекс на милијардери во декември 2012 година. Коосновачот на Facebook Inc . Марк Цукерберг не само што е најмладиот милијардер, но е и човекот кој го зголеми најмногу богатството за последната година , според серискиот број на Bloomberg Markets , кој ќе биде објавен во декември . Статусот на Цукерберг е двојно зголемен до 24,5 милијарди долари во периодот 1 јануари - 30 септември .
Ветеранот во технолошкиот сектор, Бил Гејтс, ја предводи листата на најбогатите луѓе во светот , откако од првото место се префрли Мексиканецот Карлос Слим. Состојбата на Гејтс бележи отскокнување со 10,2 милијарди долари до 72.9 милијарди долари . Богатството на Слим , кој ја контролира најголемата телекомуникациска компанија во Латинска Америка America Movil SAB , е намалено за 12.9% до 65.5 милијарди долари . Денис О'Брајан , основач на Digicel Group Ltd . се уште не успева да влезе меѓу 100- те најбогати луѓе во светот . Најбогатиот Ирец натрупа богатство од 5,4 милијарди од секторот на телекомунинациите , главно благодарение на доаѓањето на компанијата во Карибите.
Коцкањето како бизнис се покажа добар залог за азиските милијардери . Филипинскиот пристанишен магнат Енреике Разон веќе се натпреварува со основачот на Galaxy Entertainment Group Ltd . Лиу Дека Ву , кој е трет најбогат човек во Хонгконг. Разон го отвори Solaire Resort & Casino во март . Браќата Ј Б и Тони Прицкер , кои добија најмалку 2,7 милијарди долари по поделбата на богатството на нивната семејна империја , се занимаваат со инвестиции. Некои од повеќе од 80 -те скриени милијардери кои се откриени од Bloomberg News во 2013 година , исто така, се роднини . Браќата Серџо и Пјер Луиџи Лоро Пијано , кои ја предводат компанијата Loro Piana SpA , исто така, веќе се меѓу милијардерите , откако во јули постигнаа согласност за продажба на 80% од нивната компанија на LVMH Moet Hennessy Louis Vuitton SA , предводена од Бернар Арно - на 14 - тото место на листата на милијардери .
Во исто време во Казахстан, Булат Утемуратов се обидува да го избегне угледот на земјата како сомнителна бизнис дестинација . Во своето прво обемно интервју за медиумите Утемуратов изјави за Bloomberg Markets дека никогаш не ги користел позициите во управувањето на државата , за да го стекне едно од најголемите богатства во Централна Азија .
Не сите супербогаташи ја зголемија состојбата во изминатата година. Основачот на EBX Group Co . Аике Батиста пред извесно време беше најбогатиот Бразилец и беше под број 28 во рангирањето на Bloomberg минатата година. Тој не само што испадна од првите сто, но ја изгуби речиси целата состојба , откако неговите компании пропаднаа .
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: