26 Ноември, 2024
0.1836

Странските инвеститори чекаат листа од државата од најдобрите македонски стипендисти на странските универзитети за да ги контактираат

Објавено во: Економија 20 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

На денешната прес-конференција на Асоцијацијата на странски инвеститори со технолошки напредно производство беше кажано дека овие компании од државата ја побарале листата на македонските стипендисти кои студираат на најдобрите технички универзитети од Шангајската листа, но дека се уште не ја добиле.

Државата една деценија го финансира нивното стипендирање во странство, а инвеститорите од автомобилската индустрија и другите напредни технологии сакаат да стапат во контакт со нив за да им понудат високи работни позиции. Листата била побарана на почетокот на октомври.

- Ние ја побаравме листата на 100-те најдобри стипендисти во странство, бидејќи сакаме да им понудиме соодветна работа за да останат во земјата, но уште не ни е доставена, рече Виктор Мизо, претседателот на асоцијацијата и генерален директор на Костал.

Не е познато во моментов дали има отчет од институциите за тоа кој е ефектот по потрошени повеќе милиони долари за стипендирање на стотици студенти за една деценија. Од друга страна, асоцијацијата застапува 34 компании, кои остваруваат 55 отсто од македонскиот извоз и имаат насушна потреба од инженери и други стручни квалификувани лица.

Околу 300 студенти во изминатава деценија заминале на студии во странство со државна стипендија, откако успеале да добијат место на најдобрите светски универзитети според Шангајската листа. Сепак, прашање е дали некој води сметка каде се сега тие, колкумина од нив останале во државата и колку од знаењето кое го стекнале на светски познатите универзитети, реално го искористиле за помош на државата која го платила нивното школување.

Со цел да им се помогне на младите кои сакаат да се школуваат во странство во реномирани високообразовни институции, но и за добробит на државата, пред повеќе од една деценија беа воведени стипендиите за студирање на најдобрите светски универзитети, најдобрите 100 од Шангајската листа, или најдобрите 200 доколку се работи за студии на техничките универзитети. 

На презентираната анкета на Асоцијацијата на странски инвеститори со технолошки напредно производство беше кажано дека дури 53 отсто од анкетираните во истражувањето рекле дека допрва ќе има поголема инфлација во Македонија, а 55 проценти имаат потреба од дополнителни услуги од државата како детски градинки, противпожарна заштита и брза помош..

Кај 70 отсто од оние што одговориле, рекле дека во 2022 имаат од 100 до 500 отсто зголемени трошоци за електрична енергија. Половина од анкетираните членки потфрлиле во планот на производството.

- Сите од нив рекоа дека им е зголемена платата во 2022 на работниците од 10 до 20 отсто во просек, а најголемата причина за тоа е потребата што ја бара инфлацијата, изјави Георги Тренкоски, генералниот директор на Таламон.

Тој додаде дека позитивно за земјата е тоа што три компании - ОДВ Електрик, Кромберг и Шуберт и Гентерм превзеле трансфер на активности од Украина.

А.К.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НАЈЧЕВСКА: За мене силна економија е таа во која нема сиромашни и бездомници

НАЈЧЕВСКА: За мене силна економија е таа во која нема сиромашни и бездомници

НИКОГАШ ПОСКАПО: Цените на кафето највисоки во последните 27 години

НИКОГАШ ПОСКАПО: Цените на кафето највисоки во последните 27 години

БОЖИЌЕН БОНУС ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ДО 600 ЕВРА: Кој град од регионот ја нуди оваа привилегија?

БОЖИЌЕН БОНУС ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ДО 600 ЕВРА: Кој град од регионот ја нуди оваа привилегија?

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДААТ ШЕСТЕ ЕКОЛОШКИ АВТОБУСИ, ЌЕ СЕ ДВИЖАТ ПО ВНИМАТЕЛНО ПЛАНИРАНИ ЛИНИИ ВО СКОПЈЕ - свеченост за донацијата од Европската унија

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДААТ ШЕСТЕ ЕКОЛОШКИ АВТОБУСИ, ЌЕ СЕ ДВИЖАТ ПО ВНИМАТЕЛНО ПЛАНИРАНИ ЛИНИИ ВО СКОПЈЕ - свеченост за донацијата од Европската унија

Ова е велешкото економско чудо! Кој може и знае како да заработи 4,2 милиони евра за девет месеци од ивоз на конци и предива?

Ова е велешкото економско чудо! Кој може и знае како да заработи 4,2 милиони евра за девет месеци од ивоз на конци и предива?

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите

ТРГОВСКИТЕ БАРИЕРИ НА ТРАМП ЌЕ БИДАТ ИСКЛУЧИТЕЛНО БОЛНИ ЗА ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ: Еве на што предупредуваат економистите

ТРГОВСКИТЕ БАРИЕРИ НА ТРАМП ЌЕ БИДАТ ИСКЛУЧИТЕЛНО БОЛНИ ЗА ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ: Еве на што предупредуваат економистите

Винарија Камник со најмногу освоени медали и два трофеи на саемот Винска визија на Отворен Балкан

Винарија Камник со најмногу освоени медали и два трофеи на саемот Винска визија на Отворен Балкан

Авионска линија Прага-Скопје, партнерство со универзитети – иницијативи на Божиновска за поблиски односи со Чешка во бизнисот, образованието и енергетиката

Авионска линија Прага-Скопје, партнерство со универзитети – иницијативи на Божиновска за поблиски односи со Чешка во бизнисот, образованието и енергетиката