Странци градежници се вработуваат во Црна Гора
Објавено во: Балкан 23 Мај, 2016
Во Црна Гора годинава скоро 4.000 странци добиле дозвола да работат, а најголем дел од нив се ангажирани во секторот градежништво.
Во пресрет на 1 јуни кога почнува туристичката сезона, се бара и работна сила. Министерството за внатрешни работи води евиденција на луѓето кои добиваат дозвола за работа и привремен престој во Црна Гора. Во однос на истиот период лани, бројот на дозволи е намален.
Издадени се дозволи на работници странци од Србија, БИХ, Русија, Украина, Македонија, Кина, Косово, Албанија, Хрватска, Италија.
Од вкупниот број дозволи 1.381 се за во градежништвото, а помал број се за во складови, технички струки, индустрија, сообраќај, услужни дејности.
Согласно Законот за странци, странските државјани до година дена можат да престојуваат и работат во Црна Гора.