19 Мај, 2024
0.0282

СТРАШНО И НЕЧОВЕЧКИ: нападнат млад триатлонец, напаѓачите му ги сечеле нозете со пила

Објавено во: Свет 08 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Тројца непознати лица го нападнале јужноафриканскиот триатлонец Мленги Гвала, обидувајќи се да му ги исечат нозете.

-Во вторникот, во три часот наутро, Гвала тргна да се најде со пријателот со кого заедно тренира кога го нападнале три лица, изјавил Денис Џексон, директор на организација која им обезбедува секаков вид помош на спортистите во Дурбан.

-Бандата што го нападнала триатлонецот имала намера со пила да му ги исече нозете, дополнил Џексон.

Триатлонецот мислел дека се работи за кражба.

-Луѓето го чекале Гвала во грмушките. Најпрвин помислил дека имаат намера да го ограбат, па веднаш им ги понудил својот телефон, паричникот и велосипедот, изјавил пријателот на триатлонецот, Сандиле Шанге.

Но напаѓачите не го сакале тоа.

-Двајцата потоа го зграпчиле за горниот дел од телото, а третиот се обидел со пила да му ја исече ногата. Мислам дека стигнале до коската, а потоа не одело понатаму. Тогаш се обиделе да му ја исечат другата нога, раскажал Шанге.

Напаѓачите избегале кога случајно на тој дел од патот поминала полициска патрола.

Тој веднаш бил префрлен во болница каде што го оперирале.

-Прогнозите на лекарите се оптимистички, рекол Џонсон дополнувајќи дека не се јасни мотивите за нападот.


Можеби ќе ве интересира

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто