Страшно невреме во Хрватска: Поплавени локали и подруми, повреден еден пожарникар ВИДЕО
Објавено во: Балкан 20 Август, 2024 08:48
Силни врнежи кои ги најавија меторолозите синоќа ја зафатија централна Хрватска, а во некои градови се поплавени подрумски простории.
Во вечерните часови дожд пропратен со молњи и грмежи паѓаше и во главниот град Загреб, но претходно фронтот од брегот се пресели во голем дел од континентална Хрватска.
Силниот дожд целосно поплави некои места, па заменик-градоначалничката на Глина Бранка Бакшиќ Митиќ на социјалната мрежа Х објави како изгледа состојбата во тој град. Кафулињата во центарот на градот се полни со вода.
Glina, korzo pod vodom! pic.twitter.com/Qe22iVNuaK
— Branka Bakšić Mitić (@MiticBaksic) August 19, 2024
Вечерва околу 02:50 часот при интервенција е повреден член на противпожарните служби, кој случајно паднал. Комуницира и оди нормално, под превентивен болнички надзор е, известија од загрепската противпожарна бригада.
- Вечерва околу 7 и пол поради вонредната количина на врнежи за кратко време поплавени се улицата С.и А.Радиќ, Корзо и неколку околни улици. Со пристигнувањето на сите комунални служби на терен и интервенцијата на ДВД Глина и ДВД Видушевац, вреќи со песок беа дистрибуирани на критичните локации, за жал, водата навлезе во некои локалитети во Корзо и самиот Бановац, водата се повлекува, а со оглед на понатамошните врнежи, активностите ќе продолжат се додека не се стабилизира целосната состојба - објави Иван Јанковиќ, градоначалникот на Глина.Фото: Принтскрин/Твитер
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




