СТРАШНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД СЗО: Петтиот бран е на врата, пандемијата ќе продолжи и во цела 2022 година
Објавено во: Свет 22 Октомври, 2021 10:21
Неколку земји ги релаксираат мерките за борба против пандемијата со ковид-19.
Но, во исто време голем дел од светот се подготвува за петтиот бран на пандемијата.
Светската здравствена организација вчера предупреди дека, поради ниското ниво на вакцинација, пред се во сиромашните земји, пандемијата ќе продолжи во текот на цела 2022 година.
Според бројките, најтешка е ситуацијата во Источна Европа. Секојдневно се уриваат рекорди во бројот на заразени и на починати. Во Бугарија е воведен задолжителен зелен сертификат за влез во сите затворени јавни простори. Романија, пак, на 25 октомври воведува нови ограничувања – сертификати за ковид и задолжителна вакцинација за сите ученици.
„Почитувани Романци, ако сакате да ставите крај на оваа пандемија, вакцинирајте се! Ако не сакате да одите во болница и да не завршите на интензивна нега, вакцинирајте се! Немојте да мислите дека ве лажеме колку е опасен овој вирус, за да мора да се вакцинирате“, рече претседателот на Романија, Клаус Јоханис во обраќањето.
Можеби ќе ве интересира
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?




