Стратешки насоки за развој на македонското земјоделство
Објавено во: Агробизнис, Колумни 23 Август, 2017 07:20
Пишува Проф.Д-р. Борис Анакиев
Втор дел
Свот анализата е ориентирана кон формулирање на среднорочно видување на предвидените цели – градење (развивање) на одржливото производство кај полно искористување на потенцијалот на земјата.
Идентификувани потреби (области) за развој
Продлабочените анализи можат да не донесат до идентификација на потребата за развој и тоа:
-Модернизација на земјоделското производство, кое ќе обезбеди пораст на конкурентската способност при зачувување на природните ресурси – земја, биодиверзитет и др.
-Ефективно користење на ресурсите и премин кон незагадено и одржливо на климатските промени производство.
-Билансиран развој на земјоделското производство, како претпоставка за рационално користење на природните, човековите и финансиските ресурси.
-Стимулирање на трансфер на знаења и иновации во земјоделството.
-Зголемувње на капацитетите на системот за обука во тек на целиот професионален живот. .
-Поддршка за трансформација на дел од малите стопанства во пазарно ориентирани фармери.
-Поддршка за консолидација на стопанствата на млади фармери.
-Диверзификација на стопанската дејност пред се во малите земјоделски стопанства.
-Развој на земјоделската инфраструктура – наводнување, подобрување на плодноста на почвата, борба со ерозија и друго, со цел пораст на производноста и заштитата на природните ресури.
-Формирање на групи на производители со цел за економија од голем калибар и приспособување кон барањата на пазарот.
-Поддршка за вертикална интеграција помеѓу примарното производство и прехрамбената индустрија.
Анализата за развој и евентуалното место на нашиот агрокомплекс во ЕУ и направениот Свот профил се база за формулирање на целите и стратегијата за развој на земјоделството во Македонија.
Ако визијата за развој на земјата е раст на благосостојбата на граѓаните, тоа целта на земјоделскиот развој би требало да биде: постигнување на прехрамбена сигурност за населението и раст на благосостојбата на производителите во услови на одржливо производство, односно такво кое е конкурентно способно, а во исто време ги чува природните ресурси и животната средина. Достигнувањето на таа цел, бара во општ план реализација на потенцијалот на македонското земјоделство и прехрамбената индустрија со развој на животоспособни стопанства и претпријатија, повисоко искористување на производните фактори (земја, капитал и труд) и производство на квалитетни производи со високо дадена вредност.
За да се искористат откриените можности поврзани со растечката побарувачка на храна и приближување до ЕУ, Македонското земјоделство треба да ги искористи силните страни, да ги надмине слабостите и да ги неутрализира можните опасности. Во долгорочен план тоа бара мерки од структурен карактер во посочените погоре области.
Првиот дел може да го прочитате овде...* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





