СТРАВИЧНА НЕСРЕЌА ВО ХРВАТСКА: Загинаа три лица, телата се извлечени од реката
Објавено во: Балкан 08 Мај, 2025 08:29
Тешка сообраќајна несреќа се случи во селото Подградина, општина Сливно, Дубровничко-неретванска жупанија, во која загинаа три лица.
Патничко возило, од засега непознати причини, излетало од патот и слетало во реката Мала Неретва. И покрај итната интервенција на полицијата, службите за итни случаи и нуркачите, жртвите не можеа да бидат спасени.
Несреќата се случила ноќта помеѓу 7-ми и 8-ми мај, точно во 23:03 часот, кога полицијата добила пријава за слетување на возило во реката. Итните служби, вклучувајќи ги и нуркачите од Делта клубот, веднаш пристигнаа на местото на настанот. Автомобилот, превртен на покрив, бил пронајден во речното корито и извлечен со помош на кран околу 01:30 часот.
Во возилото беа пронајдени три безживотни тела. Станува збор за луѓе родени во 1977, 1948 и 1964 година, сите живеат во Комин (Плоче). – Телата се префрлени на обдукција во Општата болница во Дубровник, по наредба на државното обвинителство на округот Дубровник, со цел да се утврди точната причина за смртта, соопшти полицијата.
Во тек е истрага за разјаснување на околностите на несреќата. Сообраќајот на засегнатиот дел од патот е привремено во прекин додека трае истрагата.
Настанот го потресе локалното население на Комин и долината Неретва.
Феникс магазин
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Хорор во Чачак: Ги исекол грлата на родителита, па се избодел и си ги пресекол вените
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција





