19 Декември, 2025
0.0643

Стрес на работа!

Објавено во: Економија 04 Ноември, 2014 08:14

Добивај вести на Viber

Луѓето кои секојдневно се занимаваат со планирање, организирање и извршување на одговорни работни задачи се особено изложени на енормни количества на стрес. Стресот на работно место е поврзан со повеќе фактори: лоша селекција при вработување (неадекватен избор на одредена личност за одредено работно место), неповолни постоечки услови за работа, необученост на раководниот (менаџерски) кадар, лошо поставен бизнис план, нестабилна политичка ситуација и бизнис клима во околината, деструктивна организација на времето, нејасни цели и приоритети, конфликтни интерперсонални релации, нездрави навики (јадење, спиење, физичка активност, злоупотреба на хемиски средства, немање работна навика, недостаток на комуникациски капацитети и др.), незнаење и необученост за основни антистрес техники итн. Бидејќи таквиот стрес е постојан и секојдневен, доколку не се регулира редовно и совладува „по пат“, неговата акумулација по извесен временски период предизвикува тешки последици по менталното и органското функционирање. Секој поединец што сака да трае во борбата за профит и егзистенција во современиот свет на беспоштедна конкуренција треба да знае дека хроничниот стрес со кумулативниот ефект неминовно ќе предизвика „согорување“ на психата и организмот. Состојбата наречена “burn out” е во последните децении препознаена од модерниот свет како главен потенцијален убица на работниот човек. Синдромот на прегорување во почетниот тек се изразува преку засилен замор, исцрпеност, раздразливост, негативизам, отпор кон извршување задачи, намалено задоволство, цинизам. Понатаму доаѓа до појава на депресивност, губење на смислата за работата и животот, панични напади, фобичност, пореметен сон, повлекување, главоболки и болки по телото, импотенција итн. Во третата фаза се јавуваат болести на органи и системи. Да не заборавиме дека е докажано дека над 90 проценти од настанатите болести директно или индиректно се поврзани со нерегулација на стресот. Стресот, односно неговата неадекватна регулација, е главен виновник за таканаречената „менаџерска болест“ (за тоа во следната колумна). Оттаму произлегува дека доколку на време бидат препознаени првите знаци на синдромот на прегорување, тогаш ќе треба да се преземат активни чекори и целени стручни процедури за чистење на состојбата и излегување од неа. Со учење на соодветни антистрес техники можно е да се достигне оптимално ниво на натамошно одржување на динамичкиот психофизички баланс во секојдневниот ритам. Значајна информација во врска со сето ова е дека од скоро во Република Македонија постои можност за самотестирање на интерактивниот интернет портал за самопомош во областа на стресот www.antistres.mk , каде што се поставени повеќе (девет) бесплатни тестови, меѓу кои и тестот за синдромот на прегорување. Доколку тестовите покажат високо ниво на стрес во организмот, постои можност за избор на соодветни антистрес програми за заштита на организмот од последиците од стресот. Научете како да управувате со стресот, лесно и ефикасно! За авторот: Спец. Др. Звонко Џокиќ е меѓународно познат експерт за стрес и психотерапија, автор на проектот Антистрес Клуб (www.antistres.mk) како и на специјалните антистрес програми кои можат да се најдат на порталот. Во колумните што следат ќе најдете доста корисни информации за тоа како да ги надминете стресот и последиците поврзани од стресот.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии