Стресот предизвикател на долготрајни промени во мозокот?
Објавено во: Стил 20 Мај, 2014 15:31
Луѓето со хроничен стрес имаат голем ризик од настанување на промени во мозокот кои што може да резултираат со промени во расположението подоцна во животот.
Овој заклучок ни го носи новата студија од Универзитетот во Калифорнија, Беркли, каде што истражувачите направиле серија експерименти на глувци.
Пронајдено е дека хроничниот стрес произведува повеќе клетки кои што произведуваат миелин и го намалува на бројот на неврони во хипокампусот.
Како резултат, се добива поголема бела материја во мозокот која што го нарушува балансот на комуникација во мозокот. Тоа може да резултира во поцврста врска помеѓу хипокампусот и амигдалата, со што се предизвикува зголемување на нормалниот “бори се или бегај“ одговор и намалување на можностите за модерација на ситуацијата. Главниот истражувач, Даниела Кауфер вели дека ова истражување би можело да го постави патот кон разрешување на состојбите на анксиозност.
Студијата спроведена на Универзитетот во Гетеборг минатата година пронајде дека големото ниво на стрес во средните години може да предизвика Алцхајмерова болест кај жените.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





