18 Декември, 2025
0.0445

СТРУЧЊАЦИ ОД СЗО ПРЕДУПРЕДУВААТ: Короната не се лечи со хидроксихлорокин, лекот кој Трамп го нарече револуционерен

Објавено во: Свет 02 Март, 2021 10:39

Добивај вести на Viber

Лекот хидроксихлорокин, кој Доналд Трамп своевремено го нарече револуционерен во борбата против ширењето на коронавирусот, не треба да се користи во процесот на лекување и нема значително влијание врз веќе заразените пациенти, соопшти стручниот совет на Светската здравствена организација (СЗО), пренесува Индекс.хр

Антивоспалителниот лек не треба да се користи во борбата против пандемијата, според новите упатства на стручниот панел на СЗО објавени во британското медицинско списание BMJ, и не вреди да се истражува во идните студии како потенцијален лек.

"Нашата силна препорака се заснова на цврсти докази од шест рандомизирани контролирани испитувања со повеќе од 6.000 испитаници. Едната група учесници во студијата беше изложена на ковид, а другата не беше", велат истражувачите.

Да потсетиме, Трамп во март минатата година рече дека хидроксихлорокининот може да биде револуционерен во промената на правецот на ширење на пандемијата на коронавирусите. Потоа рече дека го земал самиот, дури и откако американскиот регулатор за лекови предупреди дека не е докажана неговата ефикасност и безбедност.

Експертите на СЗО денес проценуваат дека не секој би го оценил овој лек како корисен за третман на корона.

„Експертскиот панел верува дека овој лек повеќе не е приоритет на истражување и дека ресурсите треба да бидат насочени кон проценка на други ветувачки лекови за спречување и ширење на ковид-19“, се вели во упатството.

Во изјавата на СЗО се вели дека нивната препорака е таканаречено сегашно упатство кога станува збор за потенцијални лекови. Имено, упатствата се ажурираат во согласност со појавата на нови информации и докази и се дизајнирани да им дадат навремени совети на лекарите и давателите на здравствени услуги како да аплицираат во третманот на оваа респираторна болест и да им помогнат да донесат подобри и покорисни одлуки за пациенти.

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела