СТРУЈА ПАК САМО ОД ЕДЕН БЛОК НА РЕК БИТОЛА: Блок 2 го пуштија ноќеска, а сега го испитуваат
Објавено во: Економија 15 Ноември, 2021 12:18
Во функција е ама не произведува струја. Вториот блок на РЕК БИтола сега повторно не произведува струја откако синоќа во 2.45 часот бил пуштен на мрежата. Од комбинатот потврдуваат дека моментно на постројката се изведувал технолошки процес на испитување на заштитата на генераторот. Ветуваат дека ова ќе заврши до крајот на денот. Сега, значи повтроно струја произведува само еден болк на комбинатот.
„Станува збор за испитување на нова, софистицирана
опрема за заштита на генераторот од германскиот производител Сименс која беше
набавена и инсталирана со цел зголемување на доверливоста на капацитетот и заштита
на опремата. Испитувањата се очекува да завршат во попладневните часови по што
Блок 2 повторно ќе биде пуштен во електроенергетската мрежа, велат од РЕК Битола.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




