19 Декември, 2025
0.0417

СТРУЈАТА ЌЕ СЕ НАПЛАЌА ПО БЛОКОВИ – нека му ја мислат сопствениците на базени и копачите на криптовалути

Објавено во: Економија 07 Јуни, 2022 07:41

Добивај вести на Viber

Домаќинствата кои трошат големи количества електрична енергија, согласно најавите за воведување нов тарифен модел, ќе треба да одвојат многу поголема финансиска сума за покривање на своите месечни сметки. На вчерашната јавна расправа организирана од Регулаторната комисија за енергетика, беше посочено дека домаќинствата најверојатно ќе бидат поделени во четири блокови во зависност од потрошувачката на енергија, и тоа во првиот блок се потрошувачи кои трошат до 210 киловатчасови енергија, во втор блок се потрошувачи кои трошат до 420 киловатчасови, потоа во трет блок од 420 до 630 киловатчасови, додека во четвртата категорија се најголемите потрошувачи кои трошат над 630 киловатчасови енергија.

Поделбата по блокови се прави врз основа на анализа на досегашната потрошувачка по домаќинства и анализи на потрошувачите. Очекувањата се оние во прв и втор блок или да имаат помали или исти сметки, а оние од трет и четврт блок поголеми сметки. Ова би требало да доведе до помало или поразумно користење на енергијата и да се променат навиките на потрошувачка на струјата кај нас. Ако некој топли базени тогаш треба и да плати. Ако големите потрошувачи не ги променат навиките и продолжат да трошат исто како и досега, тогаш и ќе плаќаат поскапо – објавува универзитетскиот професор Антон Чаушевски од ФЕИТ.

Тој појаснува дека лицата или домаќинствата кои трошат големи количини енергија не се засегнати од сегашната цена на енергијата и голема е веројатноста и да заработуваат преку зголемената потрошувачка на струја, односно со потрошувачка која отстапува од вообичаената за домаќинствата.

Меѓу домаќинства кои имаат поголема потрошувачка сигурно има и лица кои копаат криптовалути, што најмногу се покажува од фактот што кај некои домаќинства зголемена е потрошувачката во месеци кога нема реална потреба од енергија, како пролетните месеци, кога не се грее и слично. Сосема е очекувано лицата кои заработуваат од енергијата и да платат за неа – дополнува Чаушевски.

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски пак појасни дека моделот кој беше презентиран делува најсоодветно, и би требало да даде резултати, но сепак, посочи дека ќе има уште јавни расправии на кои експертите ќе можат да ги изнесат своите забелешки.

-  Можеби од следните анализи ќе произлезе дека треба да има три блока, ќе видиме. Главна цел е да се рационализира потрошувачката на електрична енергија, и они кои трошат повеќе да плаќаат повеќе, или да ја подобрат енергетската ефикасност. Како држава во целост не можеме да ги обезбедиме потребите со електрична енергија. Прв чекор за ставање ред е воведување на блокови за да се намали вкупната потрошувачка и да му се остави простор на ЕСМ да биде поактивен на пазарот на мало за да може да заработува – потенцираше Бислимоски. 

П.О. 

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии