03 Мај, 2024
0.0254

Струјата поскапе за да бидат на позитивна нула, но загубите во државните ЕСМ и МЕПСО сега милионски

Објавено во: Економија 24 Јуни, 2021

Добивај вести на Viber

Ќе успеат ли енергетските компании со поскапувањето на струјата да ја анулираат загубата што ја генерираа во 2020 година. Двете најголеми државни енергетски фирми се во минус во пандемиската година, но пандемијата не е целосна причина за нивните лоши резултати. АД МЕПСО деловната 2020 година ја заврши со загуба од 5,8 милиони евра, а Државните електрани имаат минус од 16,8 милиони евра.

Лани првиот човек на Регулаторната комисија тврдеше дека со поскапувањето на струјата ќе се успее компаниите да не бидат во загуба, но сега минусите се реалност. Дали ќе следи ново зголемување на цената и колкаво ќе биде ќе се знае најверојатно за кратко. Владата секако одлучи да го намали ДДВ за сметките за електрична енергија од 18 на 5 проценти и на таков начин да го амортизира ударот од поскапата струја.

Инаку загубата на МЕПСО следуваше иако минатата година Регулаторната комисија за енергетика делумно му го прифати барањето за зголемување на тарифата за пренос и, заедно со останатите електроенергетски компании на регулираниот пазар, доби зголемување на цената на сметките за домаќинствата за 7,4 отсто повисока цена од 1 јули.

Акционерско друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем за 2019 оствари добивка пред оданочување од 480.113.909 денари.

АД Електрани на Северна Македонија официјално годината 2020 ја завршува со загуба од минус 16,8 милиони евра. Најголемиот произведувач на електрична енергија во земјата минатата година остварил приходи од 195,4 милиони евра, што е поомалку за 5 отсто во однос на 2019.


Можеби ќе ве интересира

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски