18 Декември, 2025
0.5443

СТРУМИЧАНИ ЌЕ ДОБИЈАТ СВОИ ВЕРО И ЏАМБО - огромен објект од 5.000 метри квадратни ќе се гради во Струмица

Објавено во: Економија 16 Февруари, 2023 13:09

Добивај вести на Viber

Струмичани ќе добијат свои Веро и Џамбо.
Оваа вест на својот фејсбук профил ја објави струмичкиот градоначалник, Костадин Костадинов, кој вчера му го предал одобрението за градба на сопственикот на компанијата Веропулос, Николас Веропулос. 
Практично, во северниот дел на градот ќе никне огромен објект на површина од 5.000 метри квадратни. 
„Нова директна странска инвестиција! Аирлија мои струмичани, познатите брендови Веро и Џамбо ќе ги имаме и во Струмица! Денеска му го предадов одобрението за градба на сопственикот на компанијата Веропулос, Николаос Веропулос. Инвестицијата изнесува три милиони евра, а ќе се реализира во северниот дел од градот во новопланираната станбена зона покрај магистралниот пат на излезот од Струмица кон Василево.

Во новиот Веро маркет и продавницата Џамбо ќе се вработат 70 наши сограѓани.

Трговскиот објект со супермаркет ќе има современа архитектонска градба и атрактивен облик на површина од 5.000 метри квадратни. Веро е еден од најуспешните продажни синџири во трговијата на мало на Балканот. И во време на голема криза нашата Струмица е препозната Општина за нови инвестиции“, пишува Костадинов на својот фејсбук профил, објавувајќи и фотографии од предавањето на Одобрението за градба. 

Можеби ќе ве интересира

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?