Студентка на генерација работи како улична продавачка
Објавено во: Балкан 02 Август, 2018
Иако била студентка на генерација на Отсекот за руски и српски јазик и книжевност на Факултетот во Бања Лука со просек 9.89, Галина Марија Вукајловиќ не може да најде работа.
За да заработи продава книги на тегза на улиците во Бања Лука, затоа што по бројни конкурси не нашла работа.
„Невработена сум откако завршив факултет, а тоа беше во октомври 2017 година. Работам нешто, се снаоѓам, држев три месеци часови во Модрича, сега овде работам дваесет дена, воглавно држам часови по руски јазик, преведувам текстови, но тоа е само од време на време“ - вели оваа девојка, пренесува Радио Слободна Европа и Бета.
Таа немала илузија дека ќе најде работа во струката, но ја разочарува конкурирањето без некаков резултат.