20 Април, 2024
0.0276

Студиите во Рим бараа огромна посветеност, за четири години, само двапати излегов надвор од градот - Ива Милошевска сопственичка на салоните за накит на ексклузивниот италијански бренд „Rebecca“

Објавено во: Стил 20 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

По завршувњето на студиите, опциите за „што понатаму“ биле бројни: постдипломски студии, работа во позната маркетинг агенција, стажирање во еден од најпрестижните странски магазини, работа во домашна компанија. Но, Ива Милошевска дипломиран комуниколог (под-одсек: маркетинг) сакала  искуствата собрани за време на студиите во Америка, Словенија, Дубаи и Италија, да ги аплицира на локално ниво – во својата татковина.

Пред три години ја почна приказната со „Rebecca“, екслузивен италијански бренд за накит. И покрај пандемијата, покажа храброст и знаење и успеа не само да опстои, туку и да го издигне брендот на нашиот пазар. 

„Rebecca“ накитот е познат по своите впечатливи парчиња и динамиката на стилови наменети за урбаните дами кои се храбри во експериментирањето со новини и секогаш подготвени за уникатни модни погодоци. Парчињата накит генерално се наменети за секојдневни и трендовски модни комбинации, но има и гламурозни примероци соодветни за високата мода. Милошевска потенцира дека „Rebecca“ накитот ги задоволува и најпробирливите вкусови. Особено и е драго што македонските дами навистина знаат да препознаат и сакаат да носат убави модни парчиња накит. А најмногу ја радува што токму брендот бил дел од убавите моменти на многу луѓе кај нас. Биле сведоци на запросување со „Rebecca“ прстен, прв подарок за новороденче, објавување пол на бебе со парче накит на брендот, честитање на јубилеен роденден со персонализирана порака

Луѓето кои ја познаваат Ива велат дека е исклучително воспитана девојка, со префинета начитаност  и современо познавање за се што се случува.

*На отварањето на но Новиот продажен салон, беше присутна сопственичката и дизајнерка на брендот, Ребека Тести.  Вас и вашето семејство ве посочи како најдобри луѓе, најдобри партнери. Ребека има мрежа од над 1500 продажни места низ светот, а  да се истакнете во толку голема конкуренцијата е успех. По што сте посебни во вашата работа, со што ја освоивте?

- Преговорите за застапство на „Rebecca“ накитот во Македонија започнаа некаде на почетокот на 2018 година. По средбата во Фиренца, каде тогаш отидовме со комплетно подготвена стратегија за 5 годишен развој на брендот, во јуни 2018 конечно добивме зелено светло за отворање на нов flagship салон во Скопје. Стратегијата на „Индустри Тести“ не е ширење на брендот во квантитет туку во квалитет. За отварањето на салонот во Рамстор, а неодамна и за отварањето на вториот салон во Ист гејт во Скопје, имавме чест да дојде лично Ребека Тести, ќерката на основачот и главниот дизајнер на компанијата која во својот говор истакна дека „не е сѐ во поставувањето на уште едно знаменце на мапата“ и дека е особено среќна што во Македонија ги има најдобрите партнери. Ние секако не можеме според волумен да се мериме со пазарите на „Rebecca“ во Велика Британија, Скандинавските земји, Дубаи и слични, но строго се држиме до нивните корпоративни принципи на управување и развој на брендот. На македонскиот пазар се среќаваме со големи интернационални брендови за накит, локални производители, разни анонимни интернет продавачи на копии накит од глобални брендови, многу увозници на накит кој припаѓа во ценовно пониска категорија и има послаб квалитет. Накратко: конкуренцијата е огромна, понекогаш и нелојална, но ние сме цврсто решени да продолжиме да инвестираме во брендот и да ја градиме приказната на здрави основи.

Целото интервју на Женски магазин, овде

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган