14 Мај, 2024
0.0291

Субрата Рој, братче и инвеститоре мој!

Објавено во: Колумни 02 Март, 2014

Добивај вести на Viber

Многу солзи исплакав, стопати те проколнав, врати ми го Субратица и со него златни песни, радоста... Ах колку овие стихови деновиве треба да се пролеат низ грлата на илјадници македонски дејци, јунаци,здравотии кои желни за нови инвестиции и вработувања потполно се посветија на себе ојачување и билдање-телесно и духовно и се со цел да ги задоволат критериумите кои требаше да бидат основа за примање во луксузните комплекси и метеоритските зданија кои се најавуваа на охридско-струшкото крајбрежје. Пусти локал патриотизам кај мене се изнедри и од тука дополнителните симпатии ми се јавија за индискиот биснисмен, впрочем за секој родната грутка си е најубава, па така и за мене и со солзи радосници при секое стапнување на Субрата на педата македонска земја со радост воскликнува-браво, ти си туѓ а сепак наш-инвестираш во бисерот на Балканот. Бенефити повеќекратни-развој на туризмот, локален развој, градовите ќе станат туристички мети и најпосакувани дестинации, стројните охриѓани и стружани ќе работат на тие места, а пак убавите моми ќе ја кршат својата снага и ќе ги покажуваат своите сознајни и готварски квалитети пред милионите туристи кои постојано ќе навјасуваат. Визионерско гледиште за економскиот процвет Искрено да ви кажам, откако почна често да се говори за инвестиционио бум на Субрата, честопати насоне ми доаѓаат интересни стории, мисли и размисли. Во некои од нив преовладува убост насекаде, цветаат рози, секој ужива во својот труд, богатство и гламур на секој чекор-добро де за Западна Македонија говорам, истоко ќе го запознае подоцна,додуша таму кравчиња ќе промукаат. Во други сни пак едно визионерско гледиште за економскиот процвет, индустриски зони навјасале, фабрика до фабрика, колони во строј работници, лица среќни весели одат на работа и си пеат Субрата Рој, татко, брату мој, спасителу на народот овој.....во третиот сон малку поинков приказ. Холивуд во Македонија, студија насекаде, блескот и молскот на сите страни, трчаат малечки невести, се распламтуваат огнови на љубовта. И така покрај неколкуте сериозни актери , како талентирана за уметност и култура нација ред се редат мале, не кочански сејмени, туку потенцијални актери и актерки за Боливуд-Холивуд. И ете потешкотија-кого да избереш, па тука пак ќе мора политиката да вмеша прсти, бидејќи без политика ништо не бива. Ќе се бањаме во млеко за да имаме младешка и витка кожа Ладно млеко, цедено, вкусно, дури и необично за овие простори и млеко со литри, од расни и убави крави. Дури толку многу ќе тече што ќе станеме и ние како Клеопатра-ќе се бањаме во млеко за да имаме младешка и витка кожа. Значи и на здравјето да се мислело-секоја чест. А полињата зелени, полни со детелина, други со пченица и пченка-зрели за вршење. Со тоа новите тракторчиња, донациите од Субрата, во секунд се ижнејуваат. И после ај да видам да рече некој ќе нема за јадење или ќе има сиромаштија, како бре ќе има се на претек. Доста со шалабајзерство Често пати знам да речам дека и на земјава не и е лесно што се треба да слуша и да држи и не е далеку од ова и гореспоменатата приказна. Го паметат и времето на маршалот, кога фрлавме црвени карамфили и се радувавме дека од секоја слика тој ни се насмевнува, но вакво глорификување и идеализирање, дури до степен на идеопоклонство на една личност во поновата историја немам сретнато.  Секој интелектуалец, или што малку се разбира од економија и пропаганда ќе разбере и ќе разграничи реалност од фиксација. Ве молам доста со шалабајзерство, на нашата ни мила татковина тоа најмалку е и требно во овие времиња кои ги битисува. Сериозно треба да се сфати и да се инвестира во економијата, и тоа во сите сектори. Економијата бре луќе е основа, база, столб на секое општество и без нејзино окрепнување и застанување на цврсти нозе не може да се прави надградба. Сериозна инвестиција не значи само камен темелник и сечење на црвена панделка, значи многу повеќе. Сериозна инвестиција не подразбира само бележење на јавен простор како сигурен плац на кој ќе никне некоја фабрика и се разбира фотографирање со задолжителна насмавка се со цел да се укаже на сериозноста на инвестицијата. Сериозна инвестиција не значи највисок делегациски пречек и постилање на пат со рози на бинисмен кој има низа контраверзии позади себе. Дај боже да грешам, а не грешам, меѓутоа сериозниот бизнисмен не чека месеци и години за реален показател, туку веднаш пристапува кон решавање на својот проблем и правење профитабилност од сопствената инвестиција. Малку е шегобијно кога се говори со баснословни суми, за кои народот ниту слушнал, а не пак да види или да почуствува, и со нив да се лицитира, толку ќе вложам во ова , толку во она, ама ајде де вложи, не видовме некој голем влог-зборовите излегоа појаки од делата. И за крај, дајте сите оние што си ја љубиме државичкава да седнеме сериозно да помогнеме со сиот наш капацитет, интелектуален и сознаен,  да се стабилизира економски државата и да ја афирмираме на тој план, бидејки ако самите не си ги засукаме ракавите пак ќе ни се случуваат вакви траги-комични приказни и никогаш фиктивното нема да стане фактичко. Д-р Татјана Стојаноска Иванова Институт за социологија Филозофски фалултет-Скопје

Можеби ќе ве интересира

Кадровски смени во рускиот воен врв – воeната економија бара нови луѓе

Кадровски смени во рускиот воен врв – воeната економија бара нови луѓе

Путин почнува нова шестолетка

Путин почнува нова шестолетка