15 Декември, 2025
0.0384

Субрата Рој доби канцеларија во затвор – за 10 дена треба да ги продаде највредните хотели!

Објавено во: Свет 06 Август, 2014 10:33

Добивај вести на Viber

Во посебно опремена просторија во затворскиот комплекс Тихар во Њу Делхи, индискиот тајкун Субрата Рој вчера ги започна преговорите за продажба на некои од највредните и најпознати недвижности во негова сопственост. Станува збор за луксузните хотелски комплекси кои ги вклучуваат „Плаза“ во Њујорк и „Гросвенор Хаус“ во Лондон. Продажбата се случува за Рој да ги обезбеди потребните над 1,6 милијарди долари кауција за да излезе од затвор, каде што е задржан заради непојавување на суд во процесот на индиското регулаторно тело СЕБИ против неговата групација „Сахара“. Во затворот Тихар, за Рој била обезбедна посебна климатизирана просторија за да ги прима заинтересираните купувачи на имотот. Во неа ќе остане десет работни дена, колку што ќе траат преговорите. Како олеснување за да може да ја склучи вредната зделка, на Рој во затворот му биле обезбедени два десктоп компјутери, два лаптопи, безжиен интернет, два мобилни телефони и видео конференциска врска. „Конференциската сала на генералниот директор на затворот беше преуредена за да ги исполни барањата на Врховниот суд и да му ги обезбеди на Субрата Рој потребните услови за преовори3, вели Сушил Гупта, портпарол на затворот Тихар. Во овие простории ќе остане индискиот бизнисмен додека траат преговорите, а притоа ќе му помогнат двајца директори од неговата групација, кои беа затворени заедно со него. За разлика од ќелијата во која престојуваше последните месеци, на Рој во неговата привремена „затворска канцеларија“ ќе му биде послужувана храна, а ќе може да користи и засебен тоалет. Сепак, преговорите од затвор го поставуваат овј бизнисмен во неповолна позиција во преговорите за продажба на вредниот имот, бидејќи потенцијалните инвеститори знаат дека тој е принуден да продава. Интерес за купување на луксузните хотелски комплекси наводно пројавиле многу светски милијардери, како султанот од Брунеи, кралското семејство од Катар и индискиот тајкун Сајрус Пунавала.

Можеби ќе ве интересира

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела