19 Декември, 2025
0.0363

Субрата Рој го урна митот за индискиот милијардер: Сè што имам се 970 илјади долари!

Објавено во: Економија 12 Април, 2013 07:52

Добивај вести на Viber

Иако беше претставен како милијардер и голем инвеститор, Субрата Рој шефот на конгломератот „Сахара“, на сослушувањето пред моќниот регулатор на пазарот СЕБИ изјави дека неговиот имот е помал од 1 милион долари. Како што пренесува Утрински весник,  Субрата Рој е заплеткан во битка со индискиот регулатор СЕБИ околу обвинувањата дека со шемата на обврзници измамил милиони граѓани. Претходно регулаторот му нареди на „милијардерот“ на специјално сослушување да ги соопшти податоците за неговиот капитал. Истовремено СЕБИ ја обвини „Сахара груп“, која е најпозната како главен спонзор на индискиот крикет тим, дека собрала милијарди долари од 110 милиони мали инвеститори во забранета финансиска шема и потоа не успеала да ги рефундира парите и покрај наредбата на судот. За време на сослушувањето за имотот кој го поседува, Рој изјавил дека заедно со сопругата имале златен накит и драгоцени камења во вредност од 600.000 долари, фиксни депозити во вредност од 300.000 долари и 70.000 долари готовина и банкарски заштеди, односно вкупно 970.000 долари. „Тоа е се што го имам“, изјави Рој за новинарите по едночасовното сослушување во регулаторот на индискиот пазар. Скандалот од Индија ја затресе и Македонија. Пред само неколку месеци беше најавено дека во земјава индискиот милијардер ќе гради луксузен хотелски комплекс на брегот на Охридското езеро, инвестиција тешка стотина милиони долари. Дочекан од највисокиот државен врв , тој најави исградба и на грандиозен споменик на Мајка Тереза во Скопје. Иако индиските власти го обвинија за огромен долг, македонската Влада уверуваше дека неговите инвестиции во земјава непречено продолжуваат.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба