06 Мај, 2024
0.0240

Субрата Рој: Македонците скептични, а Британците го сметаат за визионер?

Објавено во: Стил 14 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Во последната анкета што за ФОКУС ја спроведе агенцијата Рејтинг се покажа дека македонските граѓани немаат голема доверба во индискиот бизнисмен Субрата Рој и без симпатии гледаат неговите нвестиции. Во последното издание на весникот Дневник пак беше објавено дека Рој го сметаат за голем визионер и сериозен инвеститор Како што денеска објави Дневник, Субрата Ро го привлекува вниманието на високи функционери од други земји, во прв ред на Велика Британија. „Соработката меѓу челникот на владата на Велика Британија и индискиот милијардер ветува поволен ветар за островската земја. Уште минатата година порталот „Бизазиа“ пишуваше за посетата на Субрата Рој на Велика Британија на која тој и британскиот премиер Дејвид Kамерон разговарале за индискиот центар во источен Лондон. Британскиот премиер тогаш ја поддржа идејата на индискиот магнат за основање тинк-тенк во Kралството, преку кој би се дознале уникатните и скриените бизнис-можности. Тинк-тенкот беше тема на разговор и на средбата меѓу Kамерон и Рој и во февруари годинава, во Мумбаи“, потсетува Дневник и додава Субрата Рој најави веќе ги обезбедил потребните четири ари земјиште од Универзитетот на источен Лондон за индискиот центар додека Kамерон бил особено задоволен што овој центар ќе биде единствениот во светот направен како резултат на соработка меѓу корпорација и универзитет. Подоцна токму Универзитетот на источен Лондон пред неколку месеци го прогласи Субрата Рој за почесен доктор по бизнис на специјална церемонија. Дневник објави дека индискиот милијардер во 2010 година го купил хотелот „Гросвенор хаус“, а една година подоцна и хотелот „Плаза“ во Њујорк, но неговото име сепак најмногу се поврззува со спортот. Тој, пишува Дневник, во 2011 година платил 100 милиони долари за 42.5 % од сопственоста на Ф-тимот на тајкунот Вијај Малја, „Форс Индија“, а една година претходно, платил 370 милиони долари за франшиза за индискиот премиерлигаш во крикет, Пуне, но му пропаднал планот за купување на англискиот прволигашки фудбалски клуб Ливерпул. Сепак последната анкета на агенцијата Рејтинг покажуваат дека поголем број од граѓаните на Македонија, од она што го слушнале до сега за Субрата Рој, не формирале позитивно мислење за него. Бројот на оние што имаат целосно негативно мислење за него е речиси три пати поголем од бројот на оние што имаат целосно позитивно мислење за него. Огромни 58, 5 % од испитаниците не веруваат дека проектите на Рој ќе се остварат, а само 6 отсто од граѓаните целосно веруваат во тоа дека најавените инвестиции на Субрата Рој се реални. Бројот на оние што воопшто не веруваат во неговите инвестиции во однос на оние што целосно веруваат е шест и пол пати поголем, а кај овие прашања Македонците и Албанците имаат идентични мислења. Субрата Рој во Македонија најави серија инвестиции од кои најголеми се изградбата на грандиозен хотелски комплекс во Љубаништа, како и  вложувањата во земјоделскиот комбинат Џумајлија кој според најавите ќе биде еден од најголемите на Балканот. Двајцата негови синови добија македонско државјанство, а тој во Индија е обвинет за финансиски малверзации.