19 Декември, 2025
0.0589

Субрата Рој почна да ги враќа парите што ги должи, ќе му остане ли за инвестициите во Македонија?

Објавено во: Економија 16 Мај, 2013 08:23

Добивај вести на Viber

Индискиот регулатор на пазарот SEBI стартуваше со процесот на поврат на парите што компанијата на Субрата Рој ги должи на граѓаните. Индиските медиуми јавуваат дека се враќаат парите  што им се должат на индивидуалните сопственици, но парите се враќаат само во оние случаи каде регулаторот на пазарот SEBI утврдил целосна легална документација. На листата на оние кои имаат долг од компаниите на Субрата Рој постојат бројни случаи каде еден инвеститор е именуван на стотици места, а постојат и случаи на повеќе адреси да се јави еден ист инвеститор, како и стотици инвеститори на истата адреса, пишуваат индиските медиуми.

Затоа сега регулаторот на пазарот SEBI, води постапка и за утврдување на вистинските инвеститори чии податоци се квалификации се потврдени, а враќањето на парите ќе се врши по одлуката на Врховниот суд за да се спречат евентуални манипулации и злоупотреби. Дополнително и тврдењата на Субрата Рој дека дел од парите биле вратени, ќе се  утврдува по судските инстанци. Индиското регулаторно тело СЕБИ, со одлука на Врховниот суд нареди компаниите на милијардерот Субрата Рој, да вратат околу 4,4 милијарди долари на измамените 2 милиони граѓани, а бидејќи парите не се враќале согласно предвидената динамика од државата, сметките на компнииите на Рој, како и на директорите беа замрзнати.

Македонија не се откажува од инвестициите на Субрата Рој

Новиот градоначалник на Охрид, Никола Бакрачески, неодамна изјави дека Субрата Рој сепак ќе го гради својот хотелски комплекс во Љубаништа. Бакрачески посочи и  се сретнал со преставници на индиската компанија Сахаријан Македонија на која биле договорени повеќе детали за проектот.

„Индиските инвеститори се сериозни во нивните намери и тие не отстапуваат од нивната намера заеднички со Владата на Македонија и во оној дел каде има ингеренции локалната самоуправа да создадеме предуслови конечно да почне да се реализира таа замисла која ќе биде од фундаметално значење за развојот не само на Охрид туку и на цела Македонија“  изјави тогаш Бакрачески.

Според плановите, индиската компанија во Охрид треба да гради монденски туристички центар на Охридското Езеро. Комплексот ќе содржи луксузни хотели, казина, спортски терени, пристаниште, објекти за забава и рекреација, одмор, терени за голф, спа центри, марина-хотели и казино на вода. Ќе се простира на површина од 240 хектари,  а го има изработено британската Аткинс.

Контроверзниот бизнисмениако беше претставен како милијардер и голем инвеститор, сепак Субрата Рој, на сослушувањето пред регулаторот на пазарот СЕБИ неодамна изјави дека неговиот вкупен имот што го поседува не е поскап од 1 милион долари.

С.Н.

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?