20 Декември, 2025
0.0429

Дали Субрата Рој сепак ќе гради во Љубаништа?

Објавено во: Економија 25 Април, 2013 07:48

Добивај вести на Viber

Новиот градоначалник на Охрид, Никола Бакрачески, вели дека Субрата Рој сепак ќе го гради својот хотелски комплекс во Љубаништа, пренесе порталот А1он. Бакрачески посочил дека минатата недела се сретнал со преставници на индиската компанија Сахаријан Македонија на која биле договорени повеќе детали за проектот. „Индиските инвеститори се сериозни во нивните намери и тие не отстапуваат од нивната намера заеднички со Владата на Македонија и во оној дел каде има ингеренции локалната самоуправа да создадеме предуслови конечно да почне да се реализира таа замисла која ќе биде од фундаметално значење за развојот не само на Охрид туку и на цела Македонија“ вели Бакрачески за А1он. Според плановите, индиската компанија во Охрид треба да гради монденски туристички центар на Охридското Езеро. Комплексот ќе содржи луксузни хотели, казина, спортски терени, пристаниште, објекти за забава и рекреација, одмор, терени за голф, спа центри, марина-хотели и казино на вода. Ќе се простира на површина од 240 хектари,  а го има изработено британската Аткинс. Во Индија инвеститорот се соочува со сериозни обвиненија Иако беше претставен како милијардер и голем инвеститор, Субрата Рој, шефот на конгломератот „Сахара“, на сослушувањето пред моќниот регулатор на пазарот СЕБИ пред десетина дена изјави дека неговиот вкупен имот што го поседува неговиот имот не е поскап од 1 милион долари. Апелациониот суд во Индија минатиот месец донесе решение да го ограничи правото на  „Сахара груп“  за понатамошно собирање пари од инвеститорите и наложи да се засили истрагата за сомневањата за нелегалните активности на компанијата. Во интерес на истрагата, преку привремена мерка, на „Сахара груп“  и се ограничува правото  да прави  трансакции од какви било банкарски сметки без претходна дозвола на Индиската Банка и индиското регулаторно тело СЕБИ, одлучи судот. Претходно регулаторот му нареди на „милијардерот“ на специјално сослушување да ги соопшти податоците за неговиот капитал. Истовремено СЕБИ ја обвини „Сахара груп“, која е најпозната како главен спонзор на индискиот крикет тим, дека собрала милијарди долари од 110 милиони мали инвеститори во забранета финансиска шема и потоа не успеала да ги рефундира парите и покрај наредбата на судот.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба