05 Декември, 2025
0.4041

Субрата Рој стана почесен доктор по економски науки

Објавено во: Стил 09 Јули, 2013 12:18

Добивај вести на Viber

Субрата Рој Сахара стана почесен доктор на економски науки на „University of East London“.

„Овој настан за мене има големо значење. Оваа почесна награда оди во рацете на уникатен студент – студент на животот. Неговиот успех во Индија покажува дека секој успех може да биде не само локален туку и глобален. Јас сум воодушевен од неговиот начин на бизнис и филозофијата на која се заснова неговата компанија“, изјави Лорд Нун (Lord Noon), ректорот на Универзитетот.

На специјална церемонија во „Краун плаца“ хотелот присуствуваа членови на семејството, претставници на универзитетот, голем број на истакнати гости од бизнис заедницата, политиката и спортот.

Титулата од овој универзитет е резултат на неговата повеќедецениска работа како сопственик на една од најголемите компании во Индија. Рој е еден од 10-те најмоќни луѓе во Индија и основач на Индија – Сахара Индија Паривар (India – Sahara India Pariwar) компанијата од 1978 година.

Досега Рој има добиено неколку награди за градењето на успешен бизнис во Индија –„National Citizen Award“ во 2001 година, Бизнисмен на годината во 2002, во 2004 година ја добива и наградата за Глобално лидерство.

Субрата Рој најави дека месецов пак ќе пристигне во Македонија каде уште еднаш ќе бидат разгледани сите поединости околу неговата најавена инвестиција за изградба на ексклузивен туристички комплекс на брегот на Охридското Езеро.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: