23 Јануари, 2025
0.0340

Субвенциска игра на нерви со земјоделците

Објавено во: Агробизнис 16 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Субвенциите повторно заглавија, земјоделците бадијала чекаат исплата.

Надлежните продолжуваат да си играат со нивните нерви и да ја пролонгираат исплатата.

Правните лавиринти и вчера ги оставија празни сметките на земјоделците. Министерството за финансии се правда дека  по основ на решението, сè уште немаат законска основа за исплата на субвенциите, и според деловникот на Судот мора да се чека конечната одлука и покрај времената мерка што ја донесе Уставен минатата недела.

Министерот за финансии Кирил Миноски изјави дека исплатата на субвенциите ќе почне кога Уставен ќе го објави и ќе го прати решението до Министерството за финансии. Миноски тврди дека Буџетот е во добра ликвидна состојба и пари има, но во моментов не сакал да лицитира со рокови за исплатата се додека не види што стои во решението на Уставениот суд. 

„ Треба да ја видиме одлуката од Устваниот суд и кога таа ќе биде објавена, доколку не е спорна, во тој случај ќе се почне со исплатата. Не сакам да кажува точни рокови се додека не го видам решението и што има во него. Сеуште е на сила Изборниот законик и извештаите коишто согласно на законските прописи на членовите на Изборниот законик ги објавуваме редовно на веб страната на Министерството за финансии, од таму се гледаат сите податоци и јасно е дека постои ликвидност на Буџетот“, изјави Миноски. 

И покрај решението од Устваниот суд со кое се деблокира исплатата на субвенциите, земјоделците стравуваат дека повторно ќе се тактизира со исплатата на субвенциите, не очекуваат дека брзо ќе ги добијат парите.

Правните експерти пак велат дека во моментов нема законска пречка финансии да почне со исплата на парите. Универзитетскиот професор Осман Кадриу за дел од медиумите изјави дека со укинувањето на членот 8 од Изборниот законик институциите немаат кривична правна одговорност ако почнат со исплата на субвенциите.

Можеби ќе ве интересира

СОДА, БРШЛЕН, КОПРИВА: Како со овие состојки да направите органски препарати за своите насади?

СОДА, БРШЛЕН, КОПРИВА: Како со овие состојки да направите органски препарати за своите насади?

МАКЕДОНСКА ЗЕЛКА Е УНИШТЕНА ВО ХРВАТСКА: Откриен е опасен пестицид

МАКЕДОНСКА ЗЕЛКА Е УНИШТЕНА ВО ХРВАТСКА: Откриен е опасен пестицид

ДИШЕМЕ ТОКСИЧЕН ВОЗДУХ, НАСЕКАДЕ ИМА ДЕПОНИИ: Што е со храната која се произведува на наше тло?

ДИШЕМЕ ТОКСИЧЕН ВОЗДУХ, НАСЕКАДЕ ИМА ДЕПОНИИ: Што е со храната која се произведува на наше тло?