19 Декември, 2025
0.2735

Судбината на Кипар ќе се решава денеска во Брисел

Објавено во: Свет 24 Март, 2013 10:29

Добивај вести на Viber

Преговорите околу спасувачкиот пакет за Кипар ќе продолжат денеска во Брисел и се наоѓаат во многу деликатна фаза, се наведува во соопштението на кипарската влада. Во соопштението стои дека состојбата е многу тешка, поради што претседателот Никос Анастасиадис денеска ќесе сретне со европските претставници и ќе учествува во средбата на Еврогрупата. Синоќа кипарските медиуми објавија дека Кипар и меѓународната кредиторска тројка постигнале договор за еднократно оданочување на депозитите во кипарските банки во вредност од над 100 илјади евра. Според договорот депозитите во водечката кипарска банка „Банк од Кипар“ треба да се даночат со 20 процентен данок, а депозитите во останатите банки на Кипат со 4%. Кипар ја прифати обврската да собере 5,8 милијарди евра, ако помош од 10 милијарди евра од ЕУ и ММФ. Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле повторно го предупреди Кипар дека неговото останување во еврозоната зависи од спасувачкиот план, што Никозија треба да го постигне со Меѓународната тројка, пренесува весникот „Велт“. Шојбле нагласи дека едно од барањата на Кипар е депозитите под 100.000 евра да не подлежат на оданочување. Тој изрази уверување дека сака Кипар да остане во еврозоната, но нагласи дека носи одговорност за стабилноста на еврото, а според него, лошо решение за Кипар ќе направи и  лоша услуга и за еврото.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја