Судбината на Тајмлајн неизвесна-„Фејсбук“ ја губи битката
Објавено во: Свет 03 Април, 2013 11:18
Социјалната мрежа „Фејсбук“ и истоимената компанија, која стои зад неа, ќе мораат да размислат за судбината на „Тајмлајн“, изум кој не е нивни и на кој, веројатно, повеќе нема да имаат право.
- Милиони луѓе секојдневно го уредуваат својот живот на Фејсбук и досега немало шанса да имаат увид во тоа што им се случувало претходно. Работевме на нашиот „Тајмлајн“ една година. Тоа е приказна за нашите животи и сосема нов начин да се изразиме себе си, изјави во 2011 година основачот на „Фејсбук“ Марк Цукерберг.
Тогаш тој го претстави „Тајмлајн“ како една од клучните новитети во „Фејсбук“ ерата. Но, неодамна се утврди дека „Тајмлајн“ и не е сосема нов.
Имено, Суд во Чикаго овие денови одлучува за спорот меѓу „Фејсбук“ и компанијата која од 2009 го води сајтот „Тајмлајн“, и која на многу сличен начин како „Фејсбук“ хронолошки ги уредува податоците од животот на корисниците.
Судијата Џон Дара смета дека „Фејсбук“ нема внесено многу новитети во својот „Тајмлајн“ за да може да го претстави како оригинално свој производ.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени
(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја




