Судии до Панчевски: Основниот суд не е приватен суд, туку суд на граѓаните!
Објавено во: Македонија 15 Ноември, 2016
Основниот суд не е приватен суд на Панчевски туку е во фукнција на граѓаните.
Ваква порака денеска му испратија петнаесетина судии од Основниот суд во Скопје кои што го обвинуваат претседателот на судот Владимир Панчевски за наводна злоупотреба на судот, образложувајќи дека Панчевски не смее да го ористи судот за лична пресметка со колегите.
Имено судиите со Известување до Судскиот совет и до Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување одговорност за судија, побараа спрема Панчевски да бидат превземени соодветни мерки за таквото негово постапување, имајки ја предвид должноста на Претседателот на судот да истиот при давањето на информации за јавноста да внимава да не се наруши угледот, честа и достоинството на личноста.
Панчевски на веб сајтот на Основниот суд Скопје 1 Скопје, но и по повеке медиуми, јавно објави дека поднесува кривична пријава против судијата Иван Џолев, кое нешто е спротивно на чл.97 ст.3 од Законот за судовите, за кое нешто Панчевски треба да сноси одговорност.
„Фокус“ ексклузивно го објавува и известувањето до Судскиот совет кое може да го видите овде.