Судот одлучи, Долче и Габана одат во затвор
Објавено во: Стил
19 Јуни, 2013 20:24
Добивај вести на Viber
Судот ја донесе својата одлука и по седум месеци од поднесување на обвинението за затајување данок, ги прати во затвор Доменико Долче и Стефано Габана. Тие треба да одлежат 20 месеци затвор, откако претходно беа парично казнети од даночната служба.
Според пресудата Долче и Габана успеале да сокријат милиони од италијанските даночни служби, а истрагата против нив започна пред шест години. Обвинителите за време на процесот наведоа дека двајцата модни дизајнери затаиле секој по 416 милиони евра и уште 200 милиони преку една компанија со седиште во Луксембург.
За точката од обвинението поради лажно пријавување на приходи поминат е рокот за застареност. Долче и Габана ја негираа вината.
Судиите пред две години, поради застареност отфрлија обвинение за затајување данок и измама против двајца модни дизајнери, чиј бренд Долче и Габана претставува еден од најценетите во модната индустрија во Милано.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: