Суџубаши: Кризата во Турција нема да се прелее во Македонија
Објавено во: Економија 06 Септември, 2018
Кризата во Турција е увезена и од неа таа ќе излезе посилна, а да се прелее во Македонија нема.
Ова го вели во интервју за Фактор главниот извршен директор на банката, д-р Билал Суџубаши.
„Мислам дека случувањата во Турција не е добро да се гледаат само од аспект дека ѝ се случуваат на оваа земја. Сведочиме дека повторно се делат картите во светски рамки во повеќе домени. Навистина, од овие политички случувања Турција е попогодена, ако гледаме на глобално ниво. По доаѓањето на новата управа на Америка се применува некој поконзервативен систем на монетарна политика, со цел на некој начин да се соберат доларите кај нив.Ова е момент кога Турција може да почне да работи повеќе на индустријализација. Таа е енергетски зависна земја, но со индустријализацијата ќе почне да го затвора трговскиот дефицит“, вели Суџубаши кој вели дека таа ќе нема отсјај во Македонија додавајќи дека„ довербата во оваа економија и пазарот ја докажавме со тоа што целокупната добивка во изминатите години ја искористивме за докапитализација на банката, наместо споделување со главниот акционер – Халкбанк Турција“.