Support Kochani: Мораме да објавуваме фотографии од изгорените од Кочани, само така може да им помогнеме
Објавено во: Македонија 18 Мај, 2025 11:44
Марко Димитриев од Support Kochani вели дека последната стратегија на објавување застрашувачки фотографии на повредените од дискотеката „Пулс“ во од Кочанската болница е аларм за помош.
Тој вели дека ваквата идеја е на барање на луѓе од кочанската болница, а фотографиите не биле од оние кои се најзагрозени.
- Тие повредени моментално имат најголема потреба. Тие слики што ги објавивме ние не се тие што се најсериозно повредени, туку се средно повредени и се во процес на рехабилитација. Сега моментално во Кочани има над 50 деца што имаат потреба од заздравување и закрепнување. Ние зборувавме со луѓе од Холандија, Германија и Бугарија за изработка на компресивна облека, тоа се ракавици, за нозе, стегачи, за гради и за лице, и за врат. Тие се некои помагала за што им требаат моментално за побрзо да оздрават.
Од Кочанската болница дојдоа кај нас и имавме еден разговор каде што заедно пробавме да најдеме начин да им помогнеме на тие деца. Така да се што правиме ние моментално, правиме за доброто на тие деца и да видиме како можеме да им помогнеме кога веќе гледаме дека на некој начин се запоставени, вели Димитриев.
Тој во денешното интервју за РСЕ вели дека во Кочани има над 50 деца што се лекуваат моментално, но фокусот на јавноста не е насочен кон оваа невидена трагедија.
Можеби ќе ве интересира
АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат
СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?
Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија
Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани




