15 Декември, 2025
0.0313

„Суспензијата на над 130 милиони европски пари не е административна формалност“: СДСМ бара одговори за ИПАРД средствата

Објавено во: Македонија 23 Ноември, 2025 12:39

Добивај вести на Viber

Срамно, ИПАРД блокиранa а Трипуновски праќа празни страници наместо одговори. Две недели по мега-скандалот за ИПАРД, наместо да даде одговор на клучните прашања, министерот Трипуновски бега од одговорност, бега од вистината за суспензијата на парите а бега и од одговори.
Ова го посочи денеска портпаролката на опозициската СДСМ, Слободанка Кузеска, која објави документ кој според нив го испратил министерот Трипуновски како одоговор на официјалното писмено барање за информаци со ИПАРД скандалот.

- Погледнете го овој срам. Нема ниту збор за причините, нема ништо за времетраењето на суспендирањето на средствата од ИПАРД, нема ниту информација за планираните чекори за надминување на овој сериозен проблем.

Едно големо ништо. Трипуновски праќа општи законски рамки, цитати од регулативи и процедури што се одамна познати и не даваат одговор на клучните прашања што ги засегаат земјоделците.

Овој дрзок начин е директна навреда, исмејување на 3.000 нови бизниси, на 10.000 потенцијални нови работни места, ова е потценување на штета од 130 милиони евра - напоменува Кузеска.

Според неа ова е понижување на луѓето кои обезбедуваат храна за оваа држава, кои учествуваат во развојот на целокупната економија, но и семејства кои егзистираат од земјоделство.

- Суспензијата на над 130 милиони европски пари не е некоја административна формалност, туку сериозен удар врз илјадници земјоделци и компании кои се потпираат на поддршката од ИПАРД.

Со ова сокривање на информации, Трипуновски го загрозува системот на поддршка кон земјоделците и ја продлабочува штетата што ја претрпуваат.

Овие луѓе, кои што земале кредити за инвестиции, се задолжиле, имаат право да знаат до кога ќе трае суспензијата и кој ќе им ја покрие штетата од задоцнетите исплати.

Човек кој јавно кажува дека не чувствува одговорност за ваков мега-скандал во неговиот ресор и во неговиот мандат не може да биде министер и да води ресор - нагласи Кузеска.

Потоа дополни дека со ова е јасно зошто Трипуновски избегнува и медиумски соочувања и зошто не дојде ниту на пратенички прашања: разобличен е, нема веќе како да се одбрани и да ги заштити вмешаните во скандалот кои бесрамно посегнаа по парите на земјоделците.

Истакна дека СДСМ нема да отстапи од барањето за целосни и транспарентни одговори кои земјоделците ги очекуваат и од барањето одговорност.

- А Трипуновски, најмалку што може да направи, е да си даде оставка. Министер кој крие информации од земјоделците, кој не чувствува одговорност за ресорот што го води, нема кредибилитет да биде министер за земјоделство - заклучи Кузеска.



Фото: Принтскрин/Фејсбук

Можеби ќе ве интересира

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

СДСМ: Мигранти за пари – нов доказ

СДСМ: Мигранти за пари – нов доказ

Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот

Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот

Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери

Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“