27 Април, 2024
0.0251

Свадба на врв на планина: Стефан Петровски открива како се создава чист адреналин

Објавено во: Стил 29 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Ваква личност ретко ќе сретнете. Со сето она што го доживува, ќе ве натера да посакате да одлетате и да бидете среќни

Горе во облаците или долу на земјата, но на највисокиот планински врв, таму ќе го најдете авантуристот Стефан Петровски. Лета со параглајдер, се искачува по планини, кајакари, фотографира… Едноставно животот го живее со полни гради. 

Летањето му е вистински адреналински предизвик, планинарењето му е зависност бидејќи не може, а да не го гледа од висина сонцето како заоѓа, а 20.000 фотографии што ги направил до сега ја овековечуваат убавината на нашата земја. 

Во Битола, неговиот роден крај, Пелистер му е втор дом. И на врвот Мон Блан на Алпите се чуствувал како дома. Нема страв од летање, повеќе се плаши да погледне надолу од некој облакодер, отколку кога е во воздух. За неговиот животен предизвик, авантурите, случките и смислата на животот, зборуваме токму овде.

* Какво е чувството кога адреналинот е на највисоко ниво, без разлика дали сте горе на небото со параглајдер, или долу на земјата ама на највисокиот планински врв?

- Тоа е чувство кое не може да се опише со зборови. Треба да само да се доживее и искуси. Тоа е чувство каде се чувствуваш среќен, моќен, чувство на зависност што колку пати да го повторуваш никогаш не е доста и сакаш повеќе и повеќе, повисоко и повисоко. Се навикнуваш на висина, на адреналин што во секојдневието ти фали и ја чекаш првата прилика да одиш некаде каде припаѓаш и се чувствуваш свој. Да го чувствуваш ветерот на лицето, да го гледаш сонцето како изгрева и заоѓа, да ја гледаш магијата и играта на облаците. Многу пати се трудам да најдам соодветни зборови, но тоа чувство едноставно не може да се опише...

Целото интервју читајте го на Машки магазин, тука.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти