Сведоци сме на квази комуникација, провидни плагијати и нула иновативност: Интервју со Марија Никовска, пи-ар експерт
Објавено во: Стил 27 Декември, 2019 11:23
Млада дама меѓу ајкули во комуникацискиот сектор, ама тие што ја познаваат велат дека нејзиниот мил изглед знае да излаже и дека таа е ајкулата. Марија Никовска (33) со импресивно меѓународно портфолио, со одличен англиски, и течен грчки и италијански јазик кои ѝ се предност во Елемент ПР како Senior Communication and Marketing Executive и како претставник на Универзитетот Шефилд во Македонија, е и дама која својот моден стил го користи како „тајно оружје“ во машкиот деловен свет.
Предновогодишно, за „Женски магазин“ откри колку дали е лесно да влезете во „чевлите“ на пи-арството и колку е важно во ова време на технологии и опседнатост од социјалните мрежи, да знаеме да го игнорираме телефонот и да се фокусираме на моментот. Да живееме.
* Дали Ве фаќа новогодишна треска?
- Секоја година! Понекогаш сакам да се преселам во продавниците за украси (се смее).
* Каде за Нова година?
- Само сакам да се одморам. Снег, планина и скијање.
* По што ќе ја паметите 2019, што сакате да заборавите, а што ќе си посакате во Новата 2020?
- Париз, конечно. Оваа година ќе ја памтам по тоа што беше најбрзата година во мојот живот. Јас уште мислам дека е март (се смее). Многу патувања, многу нови проекти, многу, многу настани. Ова беше година на настани. Апсолутно ништо не сакам да заборавам, дури и лошите моменти ми значат, од нив се учи, се станува посилен, поискусен. За новата година ќе посакам општо повеќе свест и грижа. За себе, Њујорк.

* Верувате ли во Дедо мраз?
- Дааа! Дедо Мраз постои, само доаѓа во различни облици (се смее).
* Комуникациите се Вашата професија и „тајно оружје“ како Senior Communication and Marketing Executive во Елемент ПР и како - претставник на Универзитетот Шефилд од Солун на локално ниво. Дали ангажманите пред Нова година се поголеми, или стандардно, преку цела година имате работа?
- До пред две три години можам да кажам дека генерално обемот на работа беше сезонски, и најзафатени периоди секогаш беа пролет и есен. 2019 беше една голема сезона на постојани ангажмани и проекти. Заборавив дека некогаш понеделник бил лош ден (се смее).
Со Елемент ПР успеавме да израснеме како full service aгенција во сите сфери - значително да го зголемиме портфолиото на клиенти во различни индустрии, да се позиционираме на пазарот како еден сериозен играч во нашиот сектор, го зголемивме тимот соодветно и успеавме да ставиме потпис на неколку исклучителни збиднувања оваа година.
Целото интервју читајте го на Женски магазин, тука.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





