19 Декември, 2025
0.0530

СВЕДОШТВО: Исламската држава практикува психичка тортура

Објавено во: Свет 31 Декември, 2014 19:30

Добивај вести на Viber

Сириски активист кој поминал време во заробеништво со сега веќе погубениот американски новинар Џејмс Фоли, сведочи за суровиот пристап на Исламската држава. Луај Абдул – Џуд поминал шест месеци во заробеништво, а бил ослободен при размена на затвореници со Слободната сириска војска. Тој истакнал дека бил киднапиран во ноември минатата година, заедно со снимателот додека известувал за агенцијата „АФП“ за бомбашкиот напад во Алепо. „Затворениците повеќе се изложени на психичко отколку физичко насилство. Ни ставаа нож под врат со закана дека ќе бидеме заклани. Тоа траеше премногу долго и тоа остава поголеми последици од физичкото злоставување“, навел Абдул Џуд. Исто така, рекол дека одреден период  поминал во потполно мрачна самица, каде повремено доаѓале џихадисти и го известувале дека ќе биде убиен - „не денес ама утре со божја воља“, велеле тие. Абдул – Џуд открил дека затворениците кои не биле новинари редовно биле претепувани и мачени, а џихадистите ги приморувале да висат со главата надолу и дека со жилет им ги сечеле стапалата. Џејмс Фоли е првиот новинар кој беше јавно погубен, а потоа со истата судбина се соочија уште неколку медиумски работници и хуманитарци. За сега со смртта не се соочил само Џон Кантли, кој бил киднапиран во исто време со Фоли, но него џихадистите го користат за пропагандни цели, како „репортер“ во видеоснимките  кои редовно ги објавуваат.    

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела