20 Април, 2024
0.0265

Свесни сме дека одговорноста е многу голема и среќни сме што имаме супер тим: Предевровизиско интервју со тин-ѕвездите од „Дајте музика“

Објавено во: Стил 15 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Анастасија, Филип, Кики и Миха,односно тин-ѕвездите од детскиот серијал „Дајте музика“ и нашите овогодишни претставници на Јуниорската Евровизија, веќе наголемо се подготвуваат за претставувањето пред европската публика на 19 декември (недела).

Тие веќе се пристигнати во Париз, градот во кој оваа година ќе се одржи 19-тата Јуниорска Евровизија по ред. „Green Forces“ е насловот на песната преку која Анастасија, Филип, Кики и Миха ќе испратат порака до цела Европа за климатските промени.

За Хаштаг, овие четворица тинејџери, дикретно од Париз откриваат кои се нивните очекувања и како течат подготовките пред големиот настап.

Како реагиравте кога ви соопштија дека вие ќе бидете овогодишни претставници на Детската евровизија?

ФИЛИП: Пред снимањето на третата сезона на „Дајте музика“, нашата продуцентка Цаци Паковска нѐ праша дали сакаме да учествуваме на Детската евровизија. Бевме изненадени. WOW, од каде??! Но идејата беше голем предизвик за сите нас!

# Во песната пеете за климатските промени. Дали вие ја одбравте пораката што ќе ја испратите на 19 декември до цела Европа?

АНАСТАСИЈА: На некој начин самите ние учествувавме во изборот на темата. Идејата ни дојде од еден наш голем успех во првата сезона на „Дајте музика“ со песната „Има ли воздух“, која ја испеа Филип. Оваа песна беше „Бубамара хит“ и со неа настапивме на доделувањето на нашата прва „Златна бубамара на популарноста“ за најдобра детска емисија за 2019 година. Исто така, во серијалот имавме и неколку епизоди во кои се обработуваше темата екологија.

КИКИ: Изминатиот период многу истражувавме и учевме за проблемите со загадувањето, за климатските промени и за глобалното затоплување. Сфативме дека се тоа сериозни проблеми, кои можат да остават сериозни последици за 20 – 30 години отсега. Се скратила скијачката сезона, Скопје има повеќе комарци, регистриран е нов рис во Маврово, на Водно се појавиле рој бубачки итн. Ете, тоа се сѐ последици од влијанијата на климатските промени, а Македонија е една од десетте најзасегнати земји. НИЕ сме генерацијата која мора да направи разлика и затоа сакаме да ги поттикнеме своите врсници, па и нивните родители, да се однесуваат одговорно. Да поттикнеме што е можно повеќе деца во Европа, па и во светот, да се грижат за иднината на нашиот единствен дом – планетата Земја.

Целото интервју на Хаштаг


Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган