Светлечки растенија како алтетнатива за електричната светилка
Објавено во: Стил 11 Мај, 2013 10:39
Научниците од САД успеале со генетска модификација на растенија да направат тие да светат во темница, а како крајна цел на проектот е да го заменат уличното осветлување. Како што пишува „Дејли мејл“, генетичарите пренеле гени од светулки во растенијата, а се надеваат дека наскоро ќе може да модифицираат и поголеми растенија и дрвја кои во иднина ќе бидат природна алтернатива на електричните светилки.
За добивање на светлечките растенија научниците користеле ензимот од гените на биолуминесцентните суштества како што се светулки, некои видови медузи, печурки, бактерии. Потоа со помош на посебен софтвер во лабораторија дизајнирале нови секвенци на ДНК со овој ензим. Засега успеaле успешно да направат мали растенија кои светат, но им се потребни дополнителни парични средства за генетски да се модифицираат големи растенија.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





