19 Декември, 2025
0.0558

Светот 13 пати бил на раб на нуклеарна војна – последен пат пред 12 години

Објавено во: Свет 05 Мај, 2014 11:57

Добивај вести на Viber

Од првата употреба на нуклеарното оружје, на крајот на Втората светска војна, па досега, светот 13 пати се нашол во ризик од нуклеарна војна и тоа најчесто како резултат на грешка или погрешна проценка, открива извештајот на Четам Хаус, британскиот Кралски институт за меѓународни прашања. Институтот се повикува на податоци од документи на кои неодамна им била симната ознаката за доверливост. Неколкупати светот од нуклеарен конфликт го спасиле индивидуални одлуки, па дури и непослушност во следењето на политичките насоки или протоколот. Деталната листа на случаи можете да ја погледнете ТУКА. Последниот ваков ризик бил во периодот од декември 2001 - ноември 2002 година и тоа како резултат на обновена напнатост меѓу Индија и Пакистан заради ситуацијата во регионот на Кашмир. Кризата достигнала врв во мај 2002 година, кога добила можност да прерасне и во нуклеарна војна, но тоа било избегнато благодарение на посредништво од американската дипломатија. Интересен е и случајот од јануари 1995 година, кој е познат како закана „Блек Брент“. Тогаш била лансирана истражувачка ракета од Норвешка, како дел од соработка меѓу Норвешка и САД. Лансирањето предизвикало толкава паника во Русија што на тогашниот претседател Борис Јелцин му била донесена актовката за одобрување на лансирање на нуклеарното оружје. Според некои, заради тој недостиг на комуникација меѓу Вашингтон и Москва, светот никогаш не бил поблиску до нуклеарна војна.

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела