25 Април, 2024
0.0281

Светот се гуши во долгови

Објавено во: Свет 03 Април, 2013

Добивај вести на Viber

Светската економска криза непрестано еволуира. Минаа шест години од 2007 година, откако балонот на американскиот банкарски систем се распука, но засега нема изгледи дека кризата ќе сопре.

Оваа криза непрестано исфрла нови факти, ставајќи ја на испит економската, социјалната и политичката издржливост на земјите и многунационалните структури, а во таа смисла и на европските институции.

Први беа Американците кои беа засегнати, откако загубија куќи, работа и приходи. Следуваше падот на Исланд, банкарскиот крах на Ирска, грчката драма, португалскиот тобоган, шпанските отстапки и италијанската комплицираност.

Долготрајната фаза од должничката криза одново доби банкарски израз и силно удри врз Кипар, па го срамни со земја нејзиниот банкарски систем и го стави под прашање целиот економски модел на островот.

Кипар по шок терапијата која и беше наложена на земјата, со сигурност ќе западне во длабока рецесија. Огромниот притисок и бремето на промени може да доведат островот да излезе од еврозоната.

Крахот на Кипар и се што е важно на островот, посебно големите загуби за сопствениците на банкарски сметки над сто илјади евра, создадоа бранови на несигурност и бунтови, исто како во Атина, но и како во другите европски главни градови.

За момент сите во Европа, дури и Германците, се плашат и покрај смирувачките изјави, да не си ги загубат своите заштеди.

Истовремено, се-европската несигурност би можела да биде проследена со потреси во политички и во другите области во еврозоната.

Притиснати до ѕидот, Французите ја почувствуваа неопходноста на својот претседател Франсоа Оланд да му кажат нешто. Оние од Луксембург, пак, се многу растревожени, Словенците стравуваат да не ги снајде судбиата на Кипар, и тн.

Средбата на ЕУ во јуни нема да биде најдобрата за Европа. Многумина предвидуваат дека таа ќе биде бурна. Идејата Германија да биде притисната пред изборите во октомври, добива се повеќе приврзаници.

Истовремено, раздвижување има и на геополитичката шаховска табла. Сирија останува отворена рана; Турција бара внатрешно помирување со курдите, се расправа со Израел, сака дел од нафтоводите на Кипар и во Егејското Море; САД ја играат улогата на миротворец на Блискиот исток; Русите повторно слегуваат на Средоземното Море; Кинезите претендираат за се поголем пристап до Европа, градат се повеќе блиски врски со Русите, а сето тоа е јасен сигнал за невидено раздвижување и активност.

Постои општото убедување дека светот оди кон прераспоредување на силите и интересите. Тоа раздвижување се смета за појава на нов распоред на силите.

На историски план, големите економски кризи беа почетната точка за значајни политички и геополитички промени. Таму каде има натрупани планини од долгови, падовите се неизбежни, а политичките, економските и совијалните системи се менуваат и реформираат. Тие никогаш не остануваат неподвижни.

Без сомнение живееме во бурни, но интересни времиња. Само да не останеме насред патот за да не дојдеме до распад, и да не можеме да се снајдеме од наметнатите промени.

Можеби ќе ве интересира

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

КОЈ НАРОД Е НАЈМАЛКУ ЗАДОВОЛЕН ОД ЖИВОТОТ ВО ЕУ? Ќе се изненадите каде се Германците

КОЈ НАРОД Е НАЈМАЛКУ ЗАДОВОЛЕН ОД ЖИВОТОТ ВО ЕУ? Ќе се изненадите каде се Германците

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!

НЕКОЛКУ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО „ЧУДЕН“ ИНЦИДЕНТ ВО ЛОНДОН: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон (ВИДEО)

НЕКОЛКУ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО „ЧУДЕН“ ИНЦИДЕНТ ВО ЛОНДОН: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон (ВИДEО)

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови