19 Декември, 2025
0.0396

СВЕТСКА БАНКА: Сумата за субвенции расте, ама насоките се погрешни!

Објавено во: Економија 02 Март, 2016 08:36

Добивај вести на Viber

Субвенциите за земјоделството се зголемуваат но не се добро изготвени за да обезбедат поддршка на приходите, зголемување на инвестициите и зајакнување на конкурентноста, се нотира во најновиот Извештај на Светска банка. Аналитичарите банката посочуваат дека Владата треба да го подобри насочувањето на субвенциите. Споредено со регионот македонските субвенции по хектар се над просекот во Европската Унија, но нбе се исполните зацртаните цели и ефекти кои треба да ги дадат милионските суми што се инјектираат во земјоделството. Светска банка во извештајот порачува дека земјоделските субвенции може да се намалат и насочат повеќе кон подобрување на инвестициите. -Намалување на севкупното ниво на земјоделските субвенции додека се преиначува повисок удел во јавните добра и подобрување на таргетирањето на овие субвенции кои се наменети за поддршка на приходите на земјоделците на работ на опстанок, значително ќе ја зголеми ефикасноста на трошоците од субвенции, се наведува во извештајот на Светска банка. Владата го зголеми земјоделскиот буџет од 130 милиони евра во 2013 година на 150 милиони евра во 2015 година и за годинава. Аналитичарите од Светска банка, посочуваат дека целат е зголемување на конкурентноста, но сепак истата не е исполнета онака како што е планирано. -Најголем дел од финансирањето оди за поддршка на приходите, а само мал дел се инвестира.Големите земјоделски стопанства сѐ уште добиваат непропорционално висок дел од субвенциите.Во одредени потсектори каков што е тутунот, субвенциите сега покриваат значителен дел од трошоците за производство, што ја нарушува мотивираноста за инвестирање.Релативно мал дел од субвенциите поддржуваат производи со висок удел во извозот. Во исто време, нивото на јавните финансии за развој на наводнувањето и водната инфраструктура е занемарливо. За да се зголеми ефикасноста на трошењето на субвенции, се препорачува:  намалување на севкупното ниво на субвенции во земјоделството, насочување на поголем дел од субвенциите во насока на јавни стоки кои ја зголемуваат продуктивноста и  подобрување на насочувањето на субвенциите за поддршка на приходите во насока на земјоделците навистина имаат потреба од таква поддршка, се посочува во извештајот. Исплатата на субвенции се интензивира пред избори За периодот 2014-2018 година Владата планира да инкасира во земјоделството В600 милиони евра, или околу 1,7 отсто од бруто-домашниот производ.  Во извештајот се нотира дека субвенциите во земјоделството од година во година се зголемуваат и во просек сочинуваат околу 1,8 отсто од БДП во периодот помеѓу 2008 и 2012 година и се зголемија на 2,2 отсто во 2013 и 2014 година.  При тоа се забележува дека исплатата е нестабилна но се забрзува пред секои избори. -Трошоците за субвенции имаат тенденција да бидат многу нестабилни во текот на целата година и нагло растат пред избори  со што се поставуваат прашања околу ефикасноста на трошењето на субвенциите, прашање кое се обработува подолу, се наведува во извештајот.   Застарена технологија, 30 проценти од земјиштето не се обработува Во анализата на Светска банка се посочува дека технологијата во земјоделското производство е застарена, а дополнително околу 30 проценти од обработливото земјиште не се обработува. -Фрагментирано, слабо опремено и со застарена технологија, придонесот на земјоделството во растот е во просек 1,4 процентни поени во периодот меѓу 2006 и 2014 година. Околу 30 проценти од обработливото земјиште во земјата не се обработува и само една петтина од површината со објекти за наводнување всушност се наводнува, стои во извештајот. Во Извештајот се наведува дек аи покрај тоа исплатат на субвенции по хектар во земјава е над европскиот просек, сепак стратегијата за усогласување на програмата за поддршка на земјоделството е слаба. Големите производитиле и натаму добиваат најголем дел од колачот за субвенции Подобрување на социјалната благосостојба на земјоделците со помош на субвенциите е  исполнета со одреден успех, наведуваат аналитичарите од Светска банка, при тоа посочувајќи дека големи субвенции се исплатени на мали фарми, но дека  големите фарми се уште добиваат несразмерно висок удел од субвенциите. -Од 56.786 фарми кои аплицирале за директни исплати за култури во 2011 година, 47.910 имале помалку од 3 хектари земјоделско земјиште. Оваа група ќе добие половина од вкупната директна исплата по засадена површина од околу 16 милиони евра од вкупно 33 милиони € во исплати. Сепак вкупната придобивка по фарма за оваа група во просек изнесуваше во просек 290 евра, во опсег од 159 евра за фарми до 0,5 ха до 444 евра за фарми до 3 ха. Од друга страна пак фармите со повеќе од 10 ха (2 отсто од вкупниот број на фарми) доби 28 отсто од вкупниот број исплатени субвенции, приближувајќи се до исплата од 7708 евра по фарма. Меѓу сите програми, субвенциите за тутун овозможуваат најмногу бенефиции за малите фарми, но тоа ги обврзува на производствени активности кои може да се со помал потенцијал за иден раст, стои во извештрајот. Малку пари се одвојуваат за системи за наводнување Во ивештајот се забележува дека финансирањето на системи за наводнување во Македонија е занемарливо, при тоа се укажува дека бројката на површини под системи за наводнување постојано се намалува. -Нивото на јавното финансирање за развој на системите за наводнување и водната инфраструктура во моментов е занемарливо. Во време на ерата на социјализмот, Македонија постави за цел да наводнува 120.000 ха земјоделско земјиште, но наводнувањето достигна врв со околу 80.000 ха во доцните 1980- ти. Таа бројка падна на 33.000 ха, иако постојните резервоари и мрежи за наводнување може да наводнуваат вкупно 162.500 ха. Ова е само 20 отсто од вкупната површина на Република Македонија со потенцијал за наводнување. Некои проценки упатуваат на тоа дека половина од тековно- наводнуваните површини се потпираат на енергетски- интензивна екстракција на подземните води, додека пак расположливите резервоари се погодни за многу поефикасно гравитационо наводнување, се наведува во извештајот. Причините за неисполнување на целта, Светска банка ги лоцира во тоа што најголем дел од финансирањето оди на поддршка на приходите, а само мал дел се инвестирани,  во одредени подсектори како што се тутунот, субвенциите сега придонесуваат во значителен дел од трошоците на производството, што ја менува мотивацијата за инвестирање, а релативно мал удел на субвенции е наменет за производи со висок удел во извозот. При тоа се наведува дека   Владата започна да промовира советодавни програми за земјоделците со цел да се зголеми учеството на инвестициите во програмите за поддршка на земјоделството од 10 до 25 отсто во текот на следните пет години. Светска банка порачува дека субвенциите треба да се фокусираат повеќе на обезбедување на јавни добра, како на пример за наводнување, советодавни услуги и применети истражувања во земјоделството, таргетирањето на субвенциите за земјоделците на работ на опстанок да биде во тесна координација со програмите за социјална помош, да се подобрат пазарите на земјоделско земјиште преку консолидирање на фармите, приватизација на државното земјоделско земјиште и подобра катастарска регистрација, но и намалување на вонсезонските тарифи за суровини за индустријата за преработка на храна. Т.С

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба