05 Декември, 2025
0.0274

Светска банка: Западен Балкан е во рецесија

Објавено во: Балкан 07 Ноември, 2012 11:32

Добивај вести на Viber

Превисоко е нивото на долгот во некои земји ова го укажа Џејн Армитиџ, координатор на Светска банка за овој регион. -Би рекла дека долгот во Црна Гора, Србија и Албанија е на опасно ниво, посебно во Албанија каде достигна 60% од БДП, но забрзано расте и во Србија и во Црна Гора“, вели Армитиџ за Ројтерс. Србија е земјата за која Светска банка има песимистички прогнози, бидејки се соочува со проблем да го стимулира растот во време кога настојува да го намали дефицитот во буџетот. -Долготрајната рецесија во еврозоната значи дека се соочуваме со нова рецесија“, вели Армитиџ и додава дека според банката Балканот во моментов е во рецесија. Албанија и поранешните југословенски републики се соочени со пад на извозот и намален обем на странски директни инвестиции заради должничката криза во еврозоната која е главен извор за трговија и инвестиции во регионот. За Македонија Светската банка и другите меѓународни институции прогнозираат дека до крајот на годината економијата ќе излезе од рецесија, но раст нема да има. Односно БДП годинава ќе биде на нула или во стагнација. За догодина и домашните и меѓународните институции прогнозираат раст од најмногу 2%. Земјата останува и средно задолжена со долг од околу 30% од БДП што остава простор за нови задолжувања за пополнување на буџетскиот дефицит. Ваквите бројки за оваа и прогнозите за идната година ја прават Макеодонија лидер во регионот.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

ИСТРАГА ЗА БАНКРОТ НА „ЕВРОИНС РОМАНИЈА“: Романските обвинители претресуваа живеалишта на десетина вработени

ИСТРАГА ЗА БАНКРОТ НА „ЕВРОИНС РОМАНИЈА“: Романските обвинители претресуваа живеалишта на десетина вработени

Косово ќе отвори фабрика за муниција до крајот на 2026 година

Косово ќе отвори фабрика за муниција до крајот на 2026 година