28 Април, 2024
0.0278

ЗА ИЛИ ПРОТИВ: Светска банка со коментар за прогесивното оданочување

Објавено во: Економија 09 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Светска банка го поддржува воведувањето прогресивно оданочување и смета дека тоа ќе ги зголеми приходите и ќе ја подобри еднаквоста.  Во анализата „Прогресивност и еднаквост во оданочувањето на личните приходи“ се вели дека со рационализирањето на даночните ослободувања и воведувањето прогресивност во оданочувањето на личните приходи ќе се зголемат приходите во буџетот и ќе се подобри еднаквоста во Македонија.

Во објавената анализа Банката за Македонија наведува дека земјата одржуваше ниски даночни стапки и нудеше даночни стимулирања за привлекување странски директни инвестиции, што, според Светската банка, имаше голема фискална цена. 

Согласно анализата државните приходи во Македонија, како удел во БДП, не само што се меѓу најниските во Европа, туку и се намалувале во последните 10 години. Во 2017 година тие биле 31 процент од БДП, додека просекот на Европската Унија е 45 проценти.

Во анализата Светска банка се вели дека зголемувањето на прогресивноста на персоналниот данок на доход, би резултирало со прибирање на поголем дел од приходите од богатите отколку од сиромашните. Со оглед на тоа дека 98 проценти од даночните обврзници заработуваат помалку од 720.000 денари годишно, релативно високиот праг на приходи би донел придобивки како во делот на приходите така и во еднаквоста.

-Бидејќи имаат мал придонес во приходите Македонија има простор за зголемување на нејзините директни даноци. Персоналниот данок од доход, данокот на добивка и даноците на имот во 2017 година, заедно сочинуваа 4,5 проценти од БДП, што е значително помалку отколку во споредбените европски земји. Нешто повеќе од половината доаѓаше од ПДД, наспроти просечните 3,7 проценти во Западен Балкан и девет проценти во ЕУ, стои во анализата.

Според Светска банка, јавните приходи во земјава се намалувале главно поради две причини: поради намалување на стапките на персоналниот данок од доход и воведување на ослободувања, вклучително и за странските инвеститори. Овие промени за привлекување на инвеститорите и за промовирање на формалното регистрирање на неформалните активности имале различно влијание, се вели во анализата.

Земјата имала успех во намалувањето на невработеноста, но тие ослободувања ја намалиле даночната основа и создале нееднаков терен за работа на бизнисите.


Можеби ќе ве интересира

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност