Светската банка прогнозира економски раст во Македонија за 1,4 проценти
Објавено во: Економија 18 Јуни, 2013 15:11
Светска банка прогнозира дека Македонија годинава ке има раст на БДП од 1,4 проценти. За почеток се очекува да биде скромен растот, но постепено да се забрзува во втората половина од годината, со имлементирање на планот за јавни и странски директни инвестиции.
Напорите за фискална консолидација треба да продолжат и ке бидат полесни сега кога продуктивноста и даночните изгледи се подобруваат. Инвестициската клима треба да се подобри особено во делот каде има слабости како градежни дозволи и лиценци, бариери во претприемаштвото и инфрастурата.
„Соседите може да научат од Македонија која продолжува да има поволна инвестициска клима во регионот гледано според дуинг бизнис“, изјави Жељко Богетиќ, главен економист во регионот за Европа и Централна Азија.
Сите земји се во нагорна линија со тоа што Србија со 2,0 проценти го предводи регионалното заздравување. Најголемата економија која го проектира за растот на БДП за годинава е Косово 3,1отсто, Албанија 1,6 проценти, Црна Гора 1,2 отсто и БиХ од 0,5 проценти.
Вкупно земено има заздравување во регионот, но тоа нема да влијае на невработеноста и сиромаштијата.
Според Светската Банка, загрижува тоа што ова закрепнување нема да влијае на намалување на невработеноста која во некои земји од регионот се движи над 30 проценти, како и на сиромаштијата која е 32,2 проценти.
- Една од главните грижи е високата невработеност. Просекот за регинот беше околу 22,8 проценти во четвртиот кваратал од минатата година. Невработеноста кај младите е особено засташувачка - во Србија е 51,2 проценти, во Македонија 53 проценти и во другите земји е двојно поголема од стапката на невработеност. Земјите не креираат работни места доволно брзо за да ги прифатат новите учесници во работната сила. Состојбата со рабоните места е полоша од тоа што бројките на невработеност покажуваат, бидејќи многумина заминуваат од регионот за да работат на друго место, се наведува во Извештајот.
СБ препорачува да се спроведуваат структурните реформи кои се однесуваат на деловното окружување и пазарот на труд. Се посочува дека Македонија е лидер во некои делови од бизнис окружувањето, како што дозволите за градба, регистрација на имот, даноци.
Главниот економист за регионот на Европа и Центална Азија во Светска Банка и коавтор на Извештајот Абебе Адуња, потенцира дека треба да се работи на решавање на прашањето со недостиг на одредени занимања, образованиот систем кој не произведуваа соодветни кадри, особено средното образование, да се олесни условите за да инвестираат оние што заминале од земјата. Ограничување според него е и високите придонеси на труд кој во просек во регионот се од 35 проценти.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




