Светската продажба на автомобили годинава ќе порасне за 3%
Објавено во: Свет 06 Март, 2013 16:27
Продажбата на автомобили, автобуси, камиони и товарни возила во светот во 2013 година ќе порасне за 3%, процени Меѓународната организација на автомобилски производители (МОАП)
Според оценка на претставниците на МОАП, собрани во Женева во пресрет на утрешното отворање на Саемот на автомобили, оваа година нема да биде така успешна како минатата кога беше забележен историски рекорд од 81,7 милиони продадени возила, што е раст од пет отсто, пренесоа француските медиуми.
Претставниците на автоиндустријата сметаат дека бројот на продадени нови автомобили во 2013 година нема да надмине 63 милиони.
Најголем раст на продажбата се очекува во Кина, како најголем светски пазар за автомобили, и тоа со раст од седум отсто или 20,6 милиони продадени единици.
На вториот по големина светски пазар на автомобили, оној во САД, продажбата ќе нарасне за шесто отсто или на 15,7 милиони автомобили.
На јапонскиот пазар, меѓутоа, ќе дојде до пад на продажбата од 12 отсто, на 4,7 милиони автомобили, што е последица на владината екононска програма за поддршка на потрошувачката по цунамито, кога дојде до голем раст во испораката на автомобили.
Германскиот пазар ќе регистрира намалување на продажбата од два отсто, на 3,3 милиони, Велика Британија од еден отсто, на 2,3 милиони, а Франција од пет отсто, на 2,2 милиони.
-Европскиот пазар на автомобили очигледно минува низ криза, изјави претставникот на меѓународната организација на автоиндустријата, патрик Блен.
Можеби ќе ве интересира
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела




