Светската воена индустрија се подготвува за мрачната 2015 година
Објавено во: Свет 18 Декември, 2014 09:18
"Поради дополнителните кратења на државните трошоци на Запад и падот на приходите од нафтата, кои го отежнуваат растот на Исток трошоците за одбрана може да се намалат во 2015 година", тврди консултантската фирма IHS Jane.
Компанијата проценува дека светските воени трошоци ќе изнесуваат 1,6 трилиони долари во 2015 година. Оваа вредност е со речиси 6% пониска од 1,7 трилиони долари, кои беа потрошени во 2013 година, кога е направено последното мерење. Податоците се од неодамна објавени во истражување на Stockholm International Peace Research Institute (SIPRI).
Шест земји се одговорни за 60% од глобалните трошоци за одбрана во 2013 година а само САД придонесуваат за 35%, покажуваат податоците на Deloitte. Американските трошоци опаѓаат откако во 2011 година беа воведени автоматски ограничувања на трошоците. Затоа не е изненадувачки дека според податоците на IHS земјата придонесува за основниот дел од глобалниот пад во наредната година.
"Ефектот од кратењето и намалените пари за вонредни ситуации при надворешните операции (OCO) е во основата на негативниот тренд во САД, а и создава краткорочна несигурност", тврди IHS, имајќи ги предвид лимитите на владините трошоци и кампањите поврзани со тероризмот.
Се очекува ситуацијата во САД да влијае дури и на импресивниот раст на вториот најголем воен буџет во светот - оној на Кина. Претходно оваа година Пекинг ги зголеми трошоците за одбрана за 2014 година со 132 милијарди долари, што е 12,2% зголемување на годишна основа во однос на 2013 година.
Прегледот на ситуацијата во Русија, Велика Британија и Франција, кои се меѓу најголемите седум држави по воен бюждет во светот, исто така не зборува добро за глобалниот тренд.
Се очекуваше Москва да ги зголеми трошоците за одбрана за 30% следната година. Во моментов земјата се соочува со рецесија и валутна криза, поради што министерот за финансии Алексеј Мојсеев предупреди дека може да се направи ревизија на овие бројки.
"Сегашната програма за одбрана на Велика Британија е сообразена со нула раст на буџетот за одбрана меѓу 2015 година и 2020 година", велат од Deloitte. Во меѓувреме се очекува француските трошоци да се намалат за повеќе од 7% до 2019 година.
На Блискиот Исток придонесуваат многу за секторот за безбедност. Растот на трошоците беше во просек околу 9% на годишна основа во реална димензија во последните три години, велат од IHS. Но падот на цените на нафтата, кои се главен извор на приходи за повеќето економии во регионот, ги промени изгледите во краток рок.
"Додека голем број на клучни држави, кои инвестираат во секторите за одбрана, како Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, малку е можно да ги намалат трошоците значително, тогаш регионалните трошоци се очекува да останат без промена во 2015 година, бидејќи финансиската консолидација станува тема за одразот во многу држави ", дополнуваат од IHS.
За да го балансира буџетот, Саудиска Арабија има потреба од цена на нафтата од 90 долари за барел, а Катар - од 77 долари за барел. За балансиран буџет на ОАЕ е потребно цената да е 73 долари за барел, покажуваат податоците на ОН. Овие цени се многу над сегашното ниво на вредноста на суровата нафта од околу 55 долари за барел.
Геополитичките настани може да ги зголемат трошоците за одбрана имајки ги предвид последиците од кризата во Украина и офанзивата на Исламската држава (ИСИС), тврдат од IHS.
"Настаните во Украина веќе покажаа знаци на превртување на негативниот тренд за буџетите за одбрана во некои источноевропски земји и исто така влијаеле на плановите на Русија за трошоците. Во меѓувреме кампањата против ИСИС без краен рок ќе го запре падот на оперативните трошоци на Западот и ќе даде импулс во однос на проблемите на безбедноста на Блискиот Исток ".
Друга светла точка е азиско-пацифичкиот регион, во кој трошоците за одбрана се очекува да се забрзаат со раст од 3,3% во 2014 година до 4,8% следната година. Ова се должи на генерално доброто претставување на азиските економии и на последиците од евтината нафта.
K.K.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени
(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја




