Светски позната компанија вработи 100.000 луѓе пред празниците
Објавено во: Економија 29 Октомври, 2020
Амазон пред празниците вработи 100.000 сезонски работници.
Поголемиот број од нив се во магацините, за подготовка на пакети и нивно испраќање.
Американската компанија објави дека вработила 100.000 луѓе на одредено време поради пораст на нарачките преку интернет пред ноемвриските празници во САД.
Компанијата до крајот на јуни 2020 година имаше повеќе од 875.000 вработени ширум светот.
На крајот на јули, компанијата со седиште во Сиетл информираше дела од март отворила уште 175.000 нови работни места од кои 125.000 ќе бидат на неодредено време.
Компанијата кон средината на септември отвори уште 100.000 работни места во САД и во Канада.
Амазон неодамна соопшти дека е забележан раст на бројот на нарачки од почетокот на пандемијата со коронавирусот.
Компанијата пред празниците лани вработи 200.000 сезонски работници.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.