СВЕТСКИОТ ЛИДЕР НА КОЛЕНА: Нема крај на бранот банкроти на познати фирми во Германија! Гигантот згаснува по 80 години работа
Објавено во: Економија, Свет 12 Април, 2024 08:23
Нема крај на бранот банкротства на познати и традиционални фирми во Германија!
Неодамнешниот банкрот на градежниот гигант предизвика вистински шок. Напнатата состојба во градежништвото доведе до дури 30 стечаи за една недела.
Кризата, сепак, ги тресе и другите области. Позната компанија за топлинска енергија мораше да поднесе барање за стечај, германски синџир на намирници реши да го стори истото, а еден моден гигант исто така се лизга во банкрот бидејќи западна во финансиски тешкотии.
Сега банкрот го погоди еден од светските лидери!
Познатата компанија Илиг од Германија во вторникот пред судот во Хајлброн мораше да поднесе барање за стечај. Производителот на машини и алати за термоформирање е несолвентен. Локалните медиуми јавуваат дека лидерот на светскиот пазар е во неволја уште од коронавирусот.
Сега компанијата, која е еден од светските лидери во машините за пакување и термоформирање, беше принудена да поднесе барање за самоуправувана стечајна постапка до локалниот суд. Судот го одобри барањето во вторникот.
Сè уште не е целосно јасно што ја чека компанијата.
- Фирмата не треба да се распродава. Тоа е јасно. Сега е важно да се најде инвеститор. Ни требаат свежи пари. Работата е тука - вели овластен претставник на компанијата Микаел Унсер.
ПОГОЛЕНИ 500 РАБОТНИЦИ
Повеќе од 500 работници во седиштето на компанијата во Хајлброн беа известени за банкротот во вторникот. За работниците тоа значи дека работата ќе продолжи нормално во наредните три месеци.
- Сега треба да разработиме што ќе се случи следно - продолжи Унсер.
Синдикатот најави дека ќе застане во одбрана на своите работници и ќе обезбеди зачувување на работните места во иднина.
Причините поради кои компанијата поднесе барање за стечај, Унсер ги гледа во неподготвеноста на купувачите и тешката економска состојба. Така, 500-те работници немаат друг избор освен да почекаат и да видат што ќе се случи понатаму со гигантот за производство на машини.
Компанијата е основана во 1946 година од Адолф Илиг.
Две години подоцна, тој го разви својот прв производ - бормашина. Во 1950-тите, Илиг се фокусираше на производство на сушачи за облека.
Курир.рсМожеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




