03 Мај, 2024
0.0328

Својот стан го издава за 1000 евра, а во туѓ живее за 170 евра

Објавено во: Стил, Финансии 03 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Тихомир во доцните 50 - ти години одлучил да оди под кирија, иако има свој стан во Загреб од 42 метри квадратни.

Таа одлука не му паднала тешко затоа што од својот стан зема од туристи по 1060 евра, а за гарсоњерата во која живее под кирија плаќа по 170 евра.

Но, тој не е единствен. И Бруно Бабиќ вели дека е поисплатливо својот стан да го изнајмува на странци кои често ги има во Загреб, а тој да живее под кирија. Тој има луксузен апартман и наплаќа по 100 евра дневно за три лица.

„Има случаи кога луѓето одат како потстанари, за да својот стан го издаваат под кирија. Има и такви ситуации, кога станот ќе им биде преголем и гледаат можност за заработка“- рече Бабиќ.

Тој долго време издавал имот на студенти, и на млади парови, но сега Загреб станува хит дестинација за туристи и сместува странци.

Заедно со уште двајца колеги уредува интернет страница на која се нуди сместување за странци во Загреб. Преку овие сајтови се нудат над 300 места за сместување на туристи во центарот на хрватската престолнина.

Мирослав Слуњски издава простории од неодамна и е задоволен.

„Тој наш стан одамна стоеше неуреден. Лани решив да инвестирам во него и да го уредам. Така се впуштив во краткорочно изнајмување за две лица од ден за 75 евра“ - вели тој.

Загреб секоја година има за 10 до 15% повеќе туристи, а бројот на апартмани расте побрзо.