18 Мај, 2024
0.0272

СЗО АЛАРМИРА: Речиси 9 милиони луѓе годишно умираат од рак

Објавено во: Свет 04 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Светската здравствена организација алармира денеска дека близу 9 милиони луѓе во светот умираат секоја година поради рак, повеќето откриени во веќе подоцнежна фаза. 

„Годишно во светот умираат 8,8 милиони луѓе од рак, особено во земји со среден до низок доход“, истакнуваат од организацијата, дополнувајќи дека една од главните причини за тоа е задоцнето дијагностицирање на болеста кај пациентите. 

Дури и во земјите со најдобар здравствен систем и најдобар квалитет пристап до медицински услуги, пациентите кои почнуваат лекување во напредната фаза на болеста немаат големи шанси, бидејќи стануваат иноперабилни. Тогаш тие можат да добијат само палијативна нега. 

„Со преземањето на мерките развиени од СЗО, ракот може да се открие навреме и да му се примени успешно хируршко лекување, особено во случаите со рак на дојка, на грлото на матката и колоректален карцином“ уверува директорот на Одделот за спречување на неинфекциозни болести , инвалидност, насилство и превенција на повреди на СЗО - д-р Етјен Круг. 

Извештајот на организацијата беше објавен на сајтот на меѓународната организација по повод 4 февруари - Меѓународниот ден за борба против онколошките заболувања.

Според податоците ракот е причина за 1 на секои 6 смртни случаи. На повеќе од 14 милиони луѓе им се дијагностицирани вакви заболувања секоја година, а специјалисти предвидуваат дека овој број може да се зголеми речиси 2 пати до 2030 година.

Можеби ќе ве интересира

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата