СЗО: Здравите да не носат маски, штетни се
Објавено во: Свет 31 Март, 2020 12:29
Здравите луѓе да не носат маски,
повторно апелираат од Светската здравствена организација, нагласувајќи дека тие
се потребни само за оние кои се заразени со коронавирусот или пак за луѓето кои
се грижат за пациенти.
Си Ен Ен ја пренесува изјавата на директорот за управување со вонредни состојби на СЗО, Мајкл Рајан, во која тој вели дека нема конкретни докази кои сугерираат дека масовното носење маски има потенцијални придобивки. Истовремено истакнува дека неправилната употреба на маските може само да направи повеќе штета отколку добро во борбата против ширењето на вирусот.
Рајан вели дека според Светската здравствена организација, маските се единствено наменети за болните и за здравствените работници.
-Глобален проблем е недостатокот на маски и на други медицински материјали. Луѓето со најголем ризик се здравствените работници кои се изложени секоја секунда, секој ден. Помислата дека немаат маски е страшна, изјави Рајан.
Можеби ќе ве интересира
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел




